30 Декември, 2024
0.1933

ПО НАЈАВИТЕ ЗА МНОГУ ПОСКАПО ПАРНО, ВЛАДАТА СМИРУВА - граѓаните да бидат мирни, ако треба ќе преземеме и вонредни мерки

Објавено во: Економија 30 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Владата се уште води преговори за цената по која земјава ќе се снабдува со гас, и веќе  деновиве ќе се знае по која тарифа ќе успее да го набави овој енергенс за следниот период. Од тоа ќе зависи и колку ќе поскапи парното греење за скопјани веќе од стартот на следната година. Од Владата со смирувачки тонови до граѓаните, тврдат дека таа, како и секогаш досега, била тука за да го заштити нивниот животен стандард, а за тоа ако треба, ќе се преземеле и вонредни мерки. 

Овој владин став следува откако снабдувачот со парно, БЕГ, побарал од Регулаторната комисија за енергетика парното да поскапи за неверојатни 300 отсто, со образложение дека за толку им пораснала цената на гасот на светските берзи во однос на јули, кога беше донесена последната одлука за цената на топлинската енергија. Токму ова барање на БЕГ за Фактор го потврдија регулаторите, нагласувајќи дека одлуката ќе ја донесат дури кога ќе добијат конкретен доказ од БЕГ по која цена ќе го набавува гасот во следниот период, односно ќе го видат конкретниот договор кој е склучен со добавувачот на тој енергенс.

Од Владата се децидни дека РКЕ е таа што одлучува за цената на парното.

„Снабдувањето со топлинска енергија за поголем дел од домаќинствата, како и за сите останати потрошувачи коишто се приклучени на централното парно греење на природен гас во Скопје, е во надлежност на приватните економски оператори, а цената на испорачаната топлинска енергија ја одредува Регулаторната комисија за енергетика“, велат од Владата.

Но, зачудува еден дел од нивниот одговор кој го доби нашата редакција, откако прашавме дали со оглед на ова стравично барање за огромен пораст на цената на парното, таа е подготвена да им помогне на граѓаните преку средства од Буџетот. Односно, сосема е нејасно алудирањето на Владата дека информирањето за ова барање кое го откри нашиот медиум и кое беше потврдено до РКЕ, било, како што тие велат „неодговорно политичко агитирање“.

„Во овој момент, додека за ова прашање не се произнесе Регулаторната комисија за енергетика, сите најави за наводно поскапување на парното ги сметаме за неодговорни и неосновани, и шпекулациите во однос на ова прашање ги оценуваме како неодговорно политичко агитирање. Владата на Република Северна Македонија активно ги следи процесите на меѓународниот пазар на енергенси, вклучувајќи ја и цената на природниот гас и доколку има потреба, како и неколку пати до сега, ќе преземе соодветни мерки за заштита на стандардот на граѓаните“, потенцираат од Владата.

Се поставува прашањето кој и за што агитирал, и дали можеби како такви се нарекуваат новинарите кои ја објавија оваа информација.

Од Владата нагласуваат дека деновиве веќе треба да се знае по која цена е обезбедена количината на гас потребна за нашата држава за во наредниот период. 

„Преговорите сѐ уште не се завршени. Штом се финализираат ќе се знаеме по која цена снабдувачот на гас во нашата земја ќе обезбеди цена на гас“, се вели во владиниот одговор.

Потсетуваат дека во таа насока, како една од мерките што ги презела Владата било намалувањето на ДДВ-то за топлинската енергија од 18 на 5 отсто, а Регулаторната комисија за енергетика во август оваа година и ја намали цената на парното.

„Ова покажува дека постојат инструменти кои можат да бидат искористени во интерес на граѓаните доколку тоа биде потребно. Граѓаните да бидат сигурни дека државата е тука за нив. Како и до сега, ако има потреба, ќе се преземат и вонредни мерки за заштита на економската стабилност на домаќинствата.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вчера соопшти дека преговорите со Гаспром се на самиот крај.

„Ние ја следиме состојбата на тој пазар, на либерализиран пазар, ќе видиме со која цена снабдувачот на гас во нашата земја ќе обезбеди соодветна цена на гас. Сега се уште преговорите не се завршени, најверојатно би требало денеска, утре да се знае по која цена е обезбедено количината на гас потребна за нашата држава“ изјави Битиќи.

Министерот за финансии, пак, Фатмир Бесими, на новинарското прашање како ги коментира најавите на БЕГ кои бараат зголемување на цената на парното за 300 отсто, тој рече дека „секој може се да бара, но прашање е дали ќе се одобри“. 

„Доколку и се даде субвенција на БЕГ од државата, ќе има реакции зошто државата субвенционира приватна компанија“, рече Бесими.

Тој рече дека Владата ќе анализира за да одлучи каде треба државата да интервенира за да се ублажи овој проблем.

„Ние го гледаме целиот систем. Наша цел е да се амортизира ударот кој би бил врз крајниот потрошувач. Треба да се одлучи каде ќе се интервенира, дали кај крајниот потрошувач, или на стартот од системот. За тоа ќе разговараме со експерти за да одлучиме каде ќе биде интервенцијата“, рече првиот финансиер.

А, првиот човек на РКЕ, Марко Бислимовски вели дека ако тлку драстично поскапи парното, голем број корисници би се исклучиле од системот.

„Голем дел од скопјани би се исклучиле од парно и би се приклучиле на системот за електрична енергија. Тогаш би имале сериозни проблеми бидејќи дистрибутивната мрежа во деловите на Скопје, каде што има парно, не е подготвена да прими енормно зголемена потрошувачка, а ќе се влоши и состојбата во однос на набавката на електрична енергија“, изјави првиот човек на РКЕ.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

МИНИМАЛЕЦОТ ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ ВО 2025 ГОДИНА: Дурмиши кажа колкав би бил износот

МИНИМАЛЕЦОТ ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ ВО 2025 ГОДИНА: Дурмиши кажа колкав би бил износот

ДОНЕСЕНА Е КОНЕЧНА ОДЛУКА: Од 1 јануари повеќе пари за босанските работници

ДОНЕСЕНА Е КОНЕЧНА ОДЛУКА: Од 1 јануари повеќе пари за босанските работници

СЕ НАМАЛИЛ БРОЈОТ НА РАБОТНИЦИТЕ ВО ИНДУСТРИЈАТА: Koи три сектори се најпогодени?

СЕ НАМАЛИЛ БРОЈОТ НА РАБОТНИЦИТЕ ВО ИНДУСТРИЈАТА: Koи три сектори се најпогодени?

ПЛАТА ЗА НОЕМВРИ: Околу 70.000 работници не ја добиле

ПЛАТА ЗА НОЕМВРИ: Околу 70.000 работници не ја добиле

НАРОДНА БАНКА ОБЈАВИ: Колкав е надворешниот долг?

НАРОДНА БАНКА ОБЈАВИ: Колкав е надворешниот долг?

ЧЕТВРТА НЕДЕЛА ПО РЕД: Расте вредноста на доларот

ЧЕТВРТА НЕДЕЛА ПО РЕД: Расте вредноста на доларот

ЖИВКО МУКАЕТОВ МЕЃУ НАЈВЛИЈАТЕЛНИТЕ ЛИДЕРИ ВО РЕГИОНОТ - Уште едно признание за успешното работење на „Алкалоид“

ЖИВКО МУКАЕТОВ МЕЃУ НАЈВЛИЈАТЕЛНИТЕ ЛИДЕРИ ВО РЕГИОНОТ - Уште едно признание за успешното работење на „Алкалоид“

ЕВЕ КАКО ПЛАНИРА ДА РАБОТИ НАЈМОЌНАТА ФАРМАЦЕВТСКА КОМПАНИЈА ВО СЛЕДНАТА ГОДИНА - „Алкалоид“ најавува раст на приходите, добивката, инвестициите и вработувањата

ЕВЕ КАКО ПЛАНИРА ДА РАБОТИ НАЈМОЌНАТА ФАРМАЦЕВТСКА КОМПАНИЈА ВО СЛЕДНАТА ГОДИНА - „Алкалоид“ најавува раст на приходите, добивката, инвестициите и вработувањата

СЛЕДНАТА ГОДИНА РЕКОРДЕН БУЏЕТ ЗА КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ - премиерот вели „конечно се чуствува слобода“

СЛЕДНАТА ГОДИНА РЕКОРДЕН БУЏЕТ ЗА КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ - премиерот вели „конечно се чуствува слобода“