19 Декември, 2025
0.0695

ПО НАЛОГ НА ВЛАДАТА: Државното претпријатие за деловен простор лани продало дуќани вредни 6 милиони евра!

Објавено во: Економија 20 Јули, 2016 08:16

Добивај вести на Viber

Парите од продажбата, според извештајот на независната ревизија, на крајот на 2015 година се чувале на банкарски сметки и претпријатието било подготвено да ги исплати на Владата, во чија сопственост всушност и бил продадениот деловен простор Државното акционерско друштво за стопанисување со деловен простор лани продало дуќани и други деловни единици во вредност од 6 милиони евра, потврдува извештајот на независната ревизија за 2015 година. Деловниот простор вреден 365,7 милиони денари што бил продаден лани со одобрение на Владата. По продажбата вредноста на нетековните средства на друштвото е намалена за 60 отсто и тоа од 655 милиони денари колку што изнесувала на крајот на 2014 година, на 387,5 милиони денари. Во извештајот на независната ревизија, објавен на интернет страницата на Македонската берза на следниот линк нема податоци колку квадратни метри деловен простор ниту на кои локации бил предмет на продажба. Но неговата вредност е 6 милиони евра колку што наплатило претпријатието. Освен ова во извештајот се наведува дека лани ова претпријатие, чија основна дејност е да издава државен деловен простор и да наплаќа кирии, остварило приходи во износ од 78 милиони денари и останати проходи во износ од 37,5 милиони денари. На расходната страна најголем поединечен е трошокот за вработените кој изнесува 43,9 милиони денари од кои трошокот за бруто плата на 78 вработени е над 41 милион денари. Вкупните расходи на фирмата се 96,7 милиони денари. Добивката од работењето лани изнесува 18,8 милиони денари. Ова претпријатие е основано во 2011 година со трансформацијата на јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на РМ (популарниот ПУИК). Тогаш се разводени претријатијата што управуваат со станбен и со деловен простор. Претпријатието за деловниот простор има 10 деловни единици од кои дирекција во Скопје и регионални центри во: Скопје, Кичево, Кочани, Штип, Прилеп, Куманово, Тетово, Велес, Кавадарци и Струмица. Оваа компанија е доминантен сопственик на Градскиот трговски центар во Скопје. Од деталите во годишниот извештај значајно да се истакне е тоа што независниот ревизор пишува дека е можно да постојат неизвесни обврски зашто документацијата на друштвото не била предмет на постојана даночна контрола (освен за ДДВ) и заради тоа дополнителни даноци и други давачки кои можат да произлезат од такви контроли во овој момент не можат со сигурност да се применат. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар