По Панорaмското тркало – ЈСП става рака и на Милениумскиот крст
Објавено во: Македонија 16 Декември, 2013 07:53
„Предвидените субвенции за бесплатен превоз на возрасни лица – пензионери би допринеле претпријатието финансиски да се консолидира, а се со цел да ја подобри ликвидноста и да бележи минимални загуби од работењето.Во изминативе три години Советот на Град Скопје имаше разбирање за финансиските потреби на јавното претпријатие по основ претходно наведеното, па во оваа насока, во усвоените Буџети на Град Скопје беа предвидувани средства за субвенционирање на јавниот градски превоз на патници за бесплатен превоз на пензионери“, стои во образложението од Градот. Субвенции за потешкотии во работењетоЗа покривање на трошоците за потешкотии во работењето, ЈСП Скопје следната година ќе добие субвенции во висина од над 1,6 милиони евра.
„Предвидени субвенции на претпријатието ќе му овозможат да го одржи и подобри квалитетот на јавниот превоз во главниот град. Субвенционирањето на јавниот превоз, а особно на јавните сообраќајни претпријатија кои ги опслужуваат урбаните средини, е пракса која постои во речиси сите градови во Европа. Ваквата пракса овозможува во услови на високи цени на енергенсите, сообраќајните претпријатија да го задржат нивото и квалитетот на услугите. Градот Скопје, во изминатите 5 години од буџетот на градот одвојува определена сума на средства со која Јавното сообраќајно претпријате ги надминува потешкотиите во работењето“, стои во образложението на Градот. Субвенции за реконструкција на постојкиНешто повеќе од 325.000 евра претпријатието ќе добие за покривање на трошоците за реконструкција на автобуските постојки.
„ЈСП „Скопје“ беше овластено да започне постапка за распишување на јавен повик за заинтересирани субјекти за финансирање на обнова и користење на делови од урбаната опрема на стојалиштата и терминалите за комерцијална намена, од причина што самото претпријатие не располага со доволно финансиски средства за покривање на сите предвидени активности.На овој начин, ЈСП „Скопје“ ќе може без вложување на сопствени финансиски средства да ги обнови и типизира автобуските стојалишта и опремата, како и да постави електронски информациони дисплеи, со што за граѓаните ќе се создадат подобри услови во користењето на превозните услуги, а истовремено ќе се создадат технички услови за имплементирање на втората фаза од воведувањето на автоматското следење на возилата во Јавниот градски превоз“, образложуваат од Градот. Субвенции за информатичка технологијаОколу 975 илјади евра субвенции Градот ќе му додели на ЈСП Скопје за имплементација на AVL системот, односно за развој и унапредување на веќе постоечката информатичка технологија во јавниот градски и приградски превоз на патници.
„Несомнено е дека овие можности ќе придонесат за постигнување повисоки стандарди во делот на интегрираниот систем на наплата и следење и контрола во јавниот превоз на патници, односно подигањето на квалитетот на превозните услуги, во делот на наплатата, како и за економски и социјални бенефити: побрз проток на патниците во возилата, помало време на задржување на возилата на автобуските стојалишта, помала потрошувачка на гориво за работа на возилата во место, поголема контрола и поефикасно водење на јавниот превоз, подобра, навремена и прецизна информација на патниците за локацијата на возилата и возниот ред, динамиката и времето на пристигнување на автобусите на стојалиштата“, велат од Градот.За овие Предлог одлуки за субвенции за ова градско претпријатие, советниците ќе распрваат на закажаната седница што ќе се одржи следната среда. Но и покрај субвенциите од Градот Скопје, ЈСП Скопје секоја година бележи загуби. Во 2011 година претпријатието годинаната ја заврши со загуба од 800 илјади евра, која лани се намали на 81.300 евра. Ј.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





