ПО ПЕТ ГОДИНИ ВО ГЕРМАНИЈА: Заработува 2000 евра, но сака да се врати назад
Објавено во: Финансии 01 Март, 2018 06:20
Научил јазик, од обичен помошен работник во ресторан станал шеф, а станот од 15 квадрати го заменил со дом каде живее четиричлено семејство.
За Роман Леки од Хрватска кој веќе пет години е во Германија, работите многу се промениле, пишуваат хрватските медиуми.
„Ма мачи носталгија и често во главата ми е враќањето назад. Но, не жалам што дојдов, стекнав искуство и се осамостоив. Но, мојот дом е Хрватска, а овде нема кој да ми ги чува децата и често сум под стрес. И моите живеат за тоа да се вратам. Татко ми има кафуле и јас треба да го преземам. Би сакал тоа да биде најдоцна за 4 години“- вели тој.
На местото каде тој работи бил прв Хрват, но за две години дошле уште осум луѓе од Хрватска.
Повеќето од нив како Роман, прво си ја пробале среќата на море, а тој на море како сезонски работник работел две лета.
Иако поседувал факултетска диплома работел за мала плата во матичната земја.
Првите пет месеци во Германија почнал да заработува по 600 евра месечно. Потоа платата растела.
Сепак, овој Хрват вели дека не сите луѓе имале шанса да се снајдат во Германија и по неколку месеци многу од нив се вратиле дома.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција





