18 Декември, 2025
0.0531

По повикот на Владата, започна обновата на „Глобал“ со јавни пари

Објавено во: Економија 04 Февруари, 2021 07:40

Добивај вести на Viber

Општините први ја послушаа препораката на Владата и започнаа со донирање на свои средства на сметката на здружението „Обнова на Глобал“ по пожарот кој го зафати трговскиот центар во Струмица вечерта на 2 јануари. Општина Велес префрлила 60.000 денари, а Ѓорче Петров и Гевгелија по 50.000 изминатата недела.

Владата минатиот месец објави повик за донација од Здружението на граѓани „Обнова на Глобал“ и донесе заклучок да им препорача на органите на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, на единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија, како и на приватниот сектор,  во рамките на своите финансиски можности да донираат средства со цел обновување и реконструкција на опожарениот објект.

Кај одреден дел од јавноста имаше негативна реакција дека штетата треба да ја плати одговорниот за избивањето на пожарот. Последната информација од Обвинителството во јавноста беше дека се работи на случајот во кој 44 дуќани, магацини и 24 тезги се оштетени од пожарот.

„Обвинителството ја одзеде целокупната гадежно техничка документација од општината во врска со ТЦ Глобал, по што се дадени наредби за вештачења кои се очекуваат да пристигнат. Пристигнати се податоци и документација која беше побарано од ЈПКД Комуналец Струмица, претпријатието кое стопанува со  тезгите - пазарот во внатрешниот дел на ТЦ Глобал.“ - објавија од Јавното обвинителство.

На 12 јануари петмина основачи го регистрираа здружението „Обнова на Глобал“ со основна цел обнова и реконструкција на трговскиот објект од штетите настанати од пожарот, унапредување на условите на работа како и застапување пред сите релевантни органи и институции.

Премиерот Зоран Заев при увидот на штетите од пожарот најави хуманитарна акција за да им се помогне на сопствениците на изгорените продавници и тезги. Најави дека во обновата ќе помага целата струмичка деловна заедница, Општина Струмица и Владата.

„Државата ќе ги види сите механизми за да обезбеди финансиска помош. За мене е предизвик во овој период да покажеме колку сме солидарни. Сите интитуции ќе помогнат, но пред се струмичани и овдешните компании да помогнат да им го вратиме на луѓето она што го ставарале цел живот“, истакна Заев.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје