По распитот во Кривичен, Мијалков дојде и во СЈО
Објавено во: Македонија 04 Ноември, 2016
Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК влезе на распит во просториите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).
Тој е првоосомничен во случајот „Тортура“, за сурово и брутално апсење на екс министерот за внатрешни работи и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски во 2011 година.
Мијалков, вчера беше на распитот во Кривичниот суд при што влезе од службениот влез.
Случајот „Тортура“, СЈО го презентираше на 28 март, а истрагата е отворена поради грубото и непрофесионално апсење на лидерот на Обединети за Македонија, Бошкоски.
Освен Мијалков осомничени се и командантот на специјалната едниица Алфи, Ивица Антевски Пуки и други припадници на единицата.