По рекордно долги преговори – договорот со Грција е постигнат
Објавено во: Балкан 13 Јули, 2015 09:53
По повеќе од 15 часа преговори, што е рекорд во европските институции, Грција и еврозоната постигнаа договор.
За тоа соопшти na социјалната мрежа Twitter белгискиот премиер Шарл Мишел само со еден збор - "Договор".
Постигнувањето на договор беше потврдено и од претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, кој исто така на Twitter напиша: "Самитот на еврозоната постигна едногласно договор. Сите се подготвени за програма на ESM (Европскиот механизам за стабилност) за Грција со сериозни реформи и финансиска поддршка.
Разговорите почнаа уште попладне во неделата. Европските партнери на земјата поставија тешки услови пред владата на Алексис Ципрас.
Главнoтo врз кое се фокусираа и повеќето западни медиуми, е рокот од три дена за грчката влада да спроведе клучните реформи во неколку области - во даночниот систем за зголемување на ДДВ за некои стоки и услуги, во пензискиот систем, како и во судскиот систем. Со закон треба да се обезбеди и независноста на статистичката агенција во земјата.
Се уште нема детали за тоа што е останато од првичниот предлог на Еврогрупата. Во текот на целата ноќ, сепак медиумите пренесуваа дека Ципрас е подложен на невиден притисок, и како се побарани се речиси неостварливи барања.
Во последните часови критични беа разговорите во врска со учеството на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во следните чекори од спасувачката програма за Грција и создавање на фонд за приватизација, со седиште во Луксембург, кој да ги продаде државните средства.
Според неофицијалните информации Ципрас прифатил ММФ да продолжи да учествува во мерките, но веројатно има пробив во однос на приватизациониот фонд.
Грчките банки се спасени, стана јасно уште во текот на преговорите. Според Kathimerini е запишано дека секторот ќе добие помеѓу 10 милијарди евра и 25 милијарди евра во рок од една недела. Банките во земјата се затворени во последните две недели.
Зошто Германија се обидува да ја блокира обновата на Грција, пак, се прашува економистот Пол Кругман во својот блог во New York Times. Тој утврди дека барањата на еврозоната се "лудост", а твитовите под хаштагот #ThisIsACoup имаат право - тоа е обид за државен удар и ограничување на националниот суверенитет.
Во текот на ноќта твитови со хаштаг #ThisIsACoup надминаа 300 илјади.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




