По што се разликуваат британскиот, јужноафриканскиот и њујоршкиот сој на коронавирусот?
Објавено во: Свет, Корона Вирус 01 Март, 2021
Мутациите на коронавирусот имаат сличности, но и разлики.
За британскиот сој на коронавирус данска студија покажа дека оние кои ќе се заразат со овој вид имаат за 64 отсто поголеми шанси да завршат во болница. Овој вид се појави во септември 2020 година и иако првично британските власти изразија страв дека може да биде за 70 проценти позаразен, податоците покажаа дека заразата е помала и се движи помеѓу 30 и 50 проценти.
Она што е познато засега кога станува збор за јужноафриканскиот вид е дека постои еден симптом што најчесто доведува до хоспитализација, а тоа е отежнато дишење. Него веќе го има во Хрватска и Словенија.
Њујоршкиот сој на коронавирус неодамна се појави во Хрватска. Истражувачите на геномика именуваа нова варијанта Б.1.526, а научниците сè уште не утврдиле колку оваа варијанта може да биде проблематична.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.