05 Декември, 2025
0.0310

По скандалот со токсините, продажбата на хрватско млеко во БиХ падна за 30%

Објавено во: Балкан 13 Февруари, 2013 13:21

Добивај вести на Viber

Продажбата на млеко од сите хрватски производители во Босна и Херцеговина (БиХ) по информацијата за канцерогеното млеко е намалена за дури 30%, пренесува SeeBiz. Според порталот граѓаните на БиХ , исплашени за сопственото здравје почнаа да купуваат само млеко од домашни производители. Паниката меѓу граѓаните дополнително ја зголемуваат и информациите дека иснспекцијата, канцерогено млеко поронашла во продажба во седум општини во Република Српска. Како што пренесуваат босанските медиуми, главниот инспекторат за храна на БиХ вчера потврдил дека од спорното млеко од производителите Дукат и Виндија е пронајдено во општините Градишка, Дервента, Бијелина, Прнњавор, Братунац, Пиједор и Добој. „Пронајдени се вкупно  383 литри спорно млеко, од кое 256 литри самите трговци пред иснпекциските контроли го издвоиле и повлекле од промет, додека во промет се затекнати 127 литри млеко, кое е повлечено и е наложено нивно уништување“ велат од Испекторатот за храна на БиХ. Откако Хрватскиот ветеринарен институт утврди коцентрација на афлатокисн со минимални отстапувања над дозволените, во Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора неодамна беа повлечени сите количини на млекото на „Виндија“ со 2,8% млечна масленост во пакување од еден литар, со рок на употреба до 3 јули 2013 година, млекото УХТ (хомогенизирано и стерилизирано) на „Виндија“ со 2,8% млечна масленост во пакување од еден литар, со рок на употреба до 24 и 31 јуни 2013 година, трајното млеко на „Дукат“ со 2,8% млечна масленост во пакување од половина литар, со рок на траење до 24 мај 2013 година, како и трајното млеко на „Дукат“ „Лагано јутро“ со 2,8% млечна масленост, во пакување од еден литар со рок на траење до 25 април 2013 година. Македонските купувачи утре ќе дознаат дали во трајното млеко на хрватскиот производител има афлатоксини. Откако во јавноста излезе скандалот со небезбедното млеко од „Дукат“ и „Виндија“, во Македонија се увезени 360 литри, кои не дошле до полиците во маркетите и се' уште се наоѓаат во складот на увозниците. Се работи за четири типови млеко во пакувања со различна големина и различна масленост, само од производителот „Дукат“. Во нашата земја нема увезено млеко од „Виндија“, од типот за кој во моментов институциите се сомневаат дека има траги од афлатоксини.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии