19 Декември, 2025
0.0570

ПО СТО ГОДИНИ ПЛИВАЊЕТО ВО СЕНА Е ПОВТОРНО ДОЗВОЛЕНО - Властите отворија три базени, влезот е бесплатен, но има еден услов (ВИДЕО)

Објавено во: Свет 05 Јули, 2025 15:56

Добивај вести на Viber

Неверојатно но вистинито, жителите на Париз и туристите од ќе можат да се капат во реката Сена, откако локалните власти ја укинаа забраната што беше во сила повеќе од еден век, објавија светските медиуми.

Имено, властите во Париз отворија три базени на Сена: еден во близина на Ајфеловата кула, другиот во близина на катедралата Нотр Дам и третиот спроти Националната библиотека на Франција.


Базените имаат соблекувални и тушеви, ќе бидат надгледувани од спасувачи и ќе нудат простор за сончање, се вели во соопштението на градот. Пристапот до нив е бесплатен до пополнување на капацитетите, но само за луѓе кои знаат да пливаат. Базените ќе бидат отворени во текот на целото лето, а квалитетот на водата ќе се следи постојано.

- Сите ќе можат да пливаат во Сена од ова лето, изјави француската министерка за спорт Мари Барсак кога одлуката беше објавена во мај. Градоначалничката на Париз, Ан Идалго, рече дека базените се обид да се подобри квалитетот на животот во француската престолнина по очекуваното зголемување на летните температури поради климатските промени.

Капењето во Сена официјално беше забрането во 1923 година. Сена беше место каде се одвиваа натпреварите во триатлон и пливање на отворени води на Олимписките игри во Париз во 2024 година, откако беа потрошени повеќе од милијарда евра за подобрување на квалитетот на водата.


Фото: Принтскрин/Х

Можеби ќе ве интересира

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците