По страотната железничка несреќа во Грција, „падна“ и оставка
Објавено во: Балкан 01 Март, 2023 16:20
„Падна“ и оставка во Грција, по страшната железничка несреќа во која загинаа над 40 луѓе, а повеќе од 130 се повредени.
Министерот за транспорт и инфраструктура на Грција Костас А. Караманлис попладневно поднесе оставка поради несреќата што се случи во близина на Лариса.
„Само што се вратив од местото на железничката трагедија кај Темпи. Болката не може да се опише. Факт е дека грчката железница ја презедовме во состојба која не одговара на 21 век. Во овие три и пол години вложивме максимални напори да ја подобриме оваа реалност. За жал, овие напори не беа доволни за да се спречи ваква несреќа. И ова е многу тешко за сите нас и за мене лично“, вели Караманлис во писмената изјава.
Вели дека чувствува политичка одговорност. Патнички воз кој се движел со голема брзина од Атина кон Солун со повеќе од 350 патници се судри со товарен воз нешто пред полноќ во Темпи во близина на градот Лариса. Меѓу загинатите најголем број се млади луѓе, на возраст до 30 години.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




