26 Јуни, 2024
0.0308

По три месеци, се чека комплетирање на обдукцискиот извештај за починатото новороденче во Битола

Објавено во: Македонија 27 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

За една недела ќе биде готов обдукцискиот извештај за смртта на новороденчето во битолската болница на родилката Викторија Крстеска кое почина на 9 април годинава. По три месеци, се очекува да биде позната причината за смртта, а за тоа одговор треба да даде одделот за Судска медицина при Клиничката болница Битола.

Ова го потврди првиот човек на Болницата, д-р Елизабета Ивановска која за „Независен“ вели дека извештајот е при крај и ќе биде предаден на Основното јавно обвинителство во текот на следната работна недела.

„Се изработува обдукцискиот извештај за смртта на новороденчето, при крај е со постапката и ќе биде готов кон средината на следната работна недела. Имаме еден патолог кој доскоро ја работеше обдукцијата за шестгодишното девојче како и тековните материјали. Извештајот  ќе го пратиме до Основното јавно обвинителство Битола“, изјави д-р Ивановска.

Од овој извештај зависи дали понатаму ќе се побара од Институтот за судска медицина  во Скопје да се произнесе за евентуална причинско-последична врска на лекарскиот третман со причините за смртта кај новороденчето.

Родилката Крстеска неодамна напиша на Фејсбук: „Со нетрпение чекам да видам што ќе се договорат за да напишат за смртта на моето бебе“. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“

И ПО 10 ГОДИНИ ПРОЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ГРАДИ: ревизорите со низа забелешки за овој проект

И ПО 10 ГОДИНИ ПРОЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ГРАДИ: ревизорите со низа забелешки за овој проект

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИ МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВРЕМЕ: Нема да има предоговарање на рамката

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИ МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВРЕМЕ: Нема да има предоговарање на рамката