ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење
Објавено во: Македонија 26 Јуни, 2024
Единствениот аква-парк што го има во Скопје и годинава нема да биде отворен за работа. Вратите се затворени а реквизитите стојат неискористени. Скопјани изгореа од жешкото време, а освен базените, место за забава на вода во главниот град нема.
За оваа состојба екипата на „Фактор“ се обрати до надлежните, во овој случај СЦ „Борис Трајковски“ под чија надлежност е паркот, но за жал, официјална изјава немаше кој да ни даде. Накратко ни беше соопштено дека причините за тоа што аква-паркот не работи се технички.
Но, Фактор успеа од свои извори да обезбеди неофицијални информации зошто аква паркот не е во функција.
Според нашиот извор, тој не е профитабилен и не го разбуди потребниот интерес кај скопјани за забава во летниот период од годината.
„Имате тобоган кој не завршува во базен туку на трева. Концептот е целосно погрешен и од тие причини кај граѓаните никогаш немаше посебен интерес да го посетуваат. Има многу нелогичности кои не го оправдуваат постоењето на аква паркот Дополнително проблем е тоа што неговото работење чини многу, а поврат на парични средства нема. Аква паркот чини многу пари но тој не носи добивка. Од тие причини и нема да биде отворен годинава“, вели изворот кој и е познат на нашата редакција.
На Скопје му недостасува место каде што граѓаните ќе можат освен да се разладуваат и да се забавуваат. Да, има опции да се посети базен, меѓутоа комбинацијата од базен и забава кај нас ја нема. За такво искуство граѓаните мора да заминат во други држави каде ќе ги чини едно мало богатство.
Инаку цените во аква паркот воопшто не беа за потценување.Во ценовникот на официјалната страна, наведени се основни цени, но и цени на пакети за влез и користење на реквизитите.
Па така, основни цени за билет за возрасни чинеше 500 денари по лице. Со овој билет посетителите имаа пристап до сите атракции во Аквапаркот и слободни маси, столови, лежалки и чадори.
Билет за деца чинеше 400 денари за едно дете. Со овој билет децата од 3 до 14 години имаа пристап до целиот Аквапарк заедно или згрижени со старател или родител.
Посетителите имаа опција и да купат сезонски билет по цена од 5.500 денари по лице.Со сезонскиот билет посетителите имаа неограничен влез и излез од аквапаркот низ цела сезона.
Во прилог може да ги погледнете и комбинираните цени.Семејните билети не важеа во денот недела.
Извор на податоци: Аквапарк.мк
Ф.Р
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.