По три седмици Гевгелија се врати на ковид картата
Објавено во: Македонија 19 Јули, 2021
По неполн месец Гевгелија е градот кој се врати на ковид картата во земјава.
По три седмици, откако немаше регистрирано заразени со коронавирусот, Гевгелија од вчера повторно се врати на ковид картата со еден заболен пациент. Случајот, како и зголемувањето на бројот на новоинфицирани во земјава, дојде како потврда на констатацијата на епидемиологот од гевгелиската ПЕ за јавно здравје, Сашко Олумчев дека владините мерки за олабавување од нашите сограѓани се погрешно сфатени. Тој вели дека Владата ги ублажи мерките не за ние да одиме масовно по свадби и крштевки и на одмор во земјава и странство, туку да ни помогнат да почнеме економски да функционираме и колку толку да се вратиме во нормала. Тој потсетува на почитување на превентивните мерки.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.