15 Јануари, 2025
0.0243

ПО УЈП И ЦАРИНА, „БЛЕСНАА“ И ДРЖАВНИ ПАТИШТА - од патарините во јули се слеале 7,65 милиони евра, повеќе од лани

Објавено во: Економија 12 Август, 2024

Добивај вести на Viber

По УЈП и Царина, и ЈП Државни патишта наплатиле повеќе пари од патарините во земјава.
Премиерот Христијан Мицкоски објави за зголемување на наплатата кај патарините во земјава во јули годинава. За тоа го известил новиот директор на ЈПДП, Коце Трајановски.
Односно, во јули се наплатени патарини на сума од 7,65 милиони евра, што е за 260 илјади евра повеќе од истиот период лани.
„Нормализирањето на состојбите во државата значи домаќинско работење, базирано на чесност и принципи. Затекнавме држава во хаос, се бориме да направиме ред и доследност.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски ме извести дека на наплатните рампи во Јули 2024 година има промет од 470.194.563 денари што е повеќе за цели 16.071.251 денари, споредено со истиот период лани.

Овие пари постоеле и минатата година, само разликата е што не завршувале во касата на државата, каде сега од тие пари градиме градинки, училишта, патишта.

Инвестираме во болници, нови работни места.

Разликата е во тоа што се работи домаќински и одговорно. Опозицијата води политика на ситни страсти и со целосна безидејност критикува колку да критикува, но тоа нема да не поколеба да го поправиме тоа што тие го расипаа. Исполнуваме за секој еден човек. Државата на народот“, пишува премиерот Мицкоски во својата објава на фејсбук.


Можеби ќе ве интересира

ЗАВРШУВА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Кога да очекуваме следна ваква мерка?

ЗАВРШУВА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Кога да очекуваме следна ваква мерка?

„Амбасадорот на Чешка со поддршка за иницијативите на Божиновска - заедничка седница со чешки министри, авиолинии Скопје, Охрид – Прага“

„Амбасадорот на Чешка со поддршка за иницијативите на Божиновска - заедничка седница со чешки министри, авиолинии Скопје, Охрид – Прага“

РУСИТЕ СЕ ЗАГРИЖИЈА ЗА СВОИТЕ ЗАШТЕДИ: Дали ќе бидат замрзнати депозитите на мало?

РУСИТЕ СЕ ЗАГРИЖИЈА ЗА СВОИТЕ ЗАШТЕДИ: Дали ќе бидат замрзнати депозитите на мало?

ГРЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ: Колкав е бројот на слободните работни места?

ГРЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ: Колкав е бројот на слободните работни места?

„ИЗМИНАТИВЕ ГОДИНИ ОВОЈ СИНДИКАТ КАКО ДА МОЛЧЕШЕ ЗА ОВА ПРАШАЊЕ“: Митева за штрајкот посочи дека има сомнеж за политичка позадина

„ИЗМИНАТИВЕ ГОДИНИ ОВОЈ СИНДИКАТ КАКО ДА МОЛЧЕШЕ ЗА ОВА ПРАШАЊЕ“: Митева за штрајкот посочи дека има сомнеж за политичка позадина

PEVEX КУПИ НЕДВИЖНИНИ ОД ФРАНЦУСКИОТ BRICOSTORE: Развојна експанзија на компанијата и план за пробив во странство

PEVEX КУПИ НЕДВИЖНИНИ ОД ФРАНЦУСКИОТ BRICOSTORE: Развојна експанзија на компанијата и план за пробив во странство

СДСМ: Патот Градско - Дреново е изграден 92 отсто во наше време

СДСМ: Патот Градско - Дреново е изграден 92 отсто во наше време

РАЈАН ЕР ГИ НАМАЛИ ЦЕНИТЕ, ДО ГЕТЕБОРГ СЕ ЛЕТА ЗА САМО 15 ЕВРА: Летови за ниски цени од Хрватска, Бугарија...

РАЈАН ЕР ГИ НАМАЛИ ЦЕНИТЕ, ДО ГЕТЕБОРГ СЕ ЛЕТА ЗА САМО 15 ЕВРА: Летови за ниски цени од Хрватска, Бугарија...

(ФОТО) Протести пред министерствата, се бара додаток на плата

(ФОТО) Протести пред министерствата, се бара додаток на плата