По вода на селски чешми: Како се снаоѓа македонската полиција на северната граница! (Фото)
Објавено во: Економија 29 Мај, 2016 09:13
Се жалат и на условите за работа. Бидејќи од први април годинава почнал да се применува новиот систем за работа 3/3, односно три дена на работа, три дома, мораат сами да снабдат храна за овој период кој го поминуваат во станицата, во која со години не е направена дезинфекција ниту дезинсекција, па глувци и глодари велат шетаат на сите страни. А, кога ќе дојде време за одмор, објаснуваат полицајците, имаат избор да спијат на полски или на војнички кревети кои ги нема доволно, па мораат да чекаат ред, еден колега да стане од спиење, за да може другиот да легне.
“Условите за работа се катастрофално лоши. Имаме еден фрижидер во кој треба да ја сместиме храната десетина полицајци, која нормално нели сами мора да си ја снабдиме за тридневниот престој. Јадаме леб стар и по три дена.Има два туша, од кои еден е постојано расипан, а кој треба да го користат десет и повеќе полицајци. Си готви кој како знае и умее на еден шпорет на кој работи само една рингла, па редот за некој да стопли топол оброк е поприлично долг, како и за обично кафе”-раскажуваат полицајците.
[gallery ids="218783,218782,218781"]
Револтирани се и од новиот систем за работа бидејќи се принудени времето кое им е одредено за одмор да мора да го поминат во станица, во услови кои како што велат потсетуваат на логорски услови од Втората светска војна. Овој начин на работа според нив е против уставен.
Им го ограничува правото на движење, па како што раскажуваат, незнаат дали се во притвор или осуденици во затвор, штом немаат право да го поминат времето кое им е слободно каде сакаат, а истотото не им е регулирано со дневница.
“Од први април годинава со претходна одлука на Директорот на БЈБ, а потоа и Министерот оваа полициска станица работи систем на работа три дена на работа, три дена одмор. Од тие три дена ни се евидентираат половина од изработените часови и за нив добиваме само половина дневница. Останатите саати ни се сметаат како одмор кои се принудени да го поминуваат во станица, иако тоа време не им се плаќа ниту евидентира. Приморани сме дури и кога сме слободни односно одмараме како што наведуваат претпоставените да не го оставаме оружјето бидејќи може да бидеме во опасност во секој момент. Па еве прашуваме, ако недај боже има напад на станицата, треба да одговориме: “извинете не, сега одмараме!”?! Страшна иронија и хипокризија, ем ве тепаат, ем не ви даваат да плачете!”-револтирано велат полицајците на северната граница.
Слична судбина делат и нивни колеги од уште седум станици на граничната линија со Косово. За ваквата состојба и проблемите со кои се соочуваат реагирале до Народниот правобранител, до Министерството за труд и социјала, Синдикатот на МПС и Внатрешната контрола на МВР. МНогумина од нив правдата ја бараат на суд. Но реакција нема.
Единствено велат дека во пресрет им излегол Независниот синдикат на полицијата кој заедно со полицајците изготвил предлог за решавање на проблемот за враќање на стариот систем за работа и истиот го доставил до сите релеватни фактори, како и до најповиканиот за овој проблем, Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков. Засега и оттаму одговор нема. Членот од според нив срамниот Колективен договор на МВР го обжалиле и до Уставниот суд, но и по осум месеци, и од таму нема абер.
[gallery ids="218774,218777,218778"]
Полицајците од граничната полиција велат дека остануваат на своите позиции за одбрана на татковината, бидејќи ја сакаат својата земја, но не и креаторите на лошите политики во секторот безбедност. Па затоа не ја исклучуваат можноста борбата за своите права, ако треба и за првпат во историјата на Р.Македонија да ја бараат во униформа на протест. За како што додаваат, да им порачаат на надлежните дека границата се чува и брани на терен, а не во кожните фотељи кои им обезбедуваат комфор и елитизам во кој долго време се заборавиле.
Т.С.
пренесување на сторијата е можно само со преземање на првите два пасуси, една фотографија и активен линк кон текстот.
Можеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




