ПО ЗАЕВ, КИНЕСКА ВАКЦИНА И ЗА ФИЛИПЧЕ - министерот утре ќе ја прими првата доза
Објавено во: Македонија 06 Мај, 2021
По премиерот Зоран Заев, утре ќе се вакцинира министерот за здравство Венко Филипче.
„Министерот за здравство д-р Венко Филипче утре петок (07.05.2021) во 12:00 часот, на вакциналниот пункт во А1 СЦ Борис Трајковски ќе се вакцинира против Ковид 19.
Заинтересираните медиуми да бидат пред Спортскиот центар најдоцна до 11:40 часот.
По вакцинацијата предвидено е министерот Филипче да даде изјава за медиумите“, се вели во соопштението од министерството за здавство.Уште минатата недела Филипче најави дека ќе се вакцинира со кинеската вакцина на Синофарм.
А денеска се вакцинираше премиерот Зоран Заев.
„Туку што ја извршив мојата лична, но и граѓанска должност и ја примив првата доза од вакцината на „Синофарм“, односно онаа која беше во моментот на располагање, кога ми дојде мене редот согласно националниот план за имунизација. Се чувствувам одлично и ќе ја продолжам мојата дневна работна агенда и во попладневните часови.
Со дозите вакцини што пристигнаа минатата, како и со сите договорени и потврдени количини што ќе пристигаат во претстојниот период, верувам дека до почетокот на летото ќе имаме висок процент на население коешто ќе биде вакцинирано и тоа сето ќе придонесе до целосно менување на сликата на епидемијата кај нас.
Ги охрабрувам сите граѓаните на нашата земја, сите кои досега не го направиле тоа, да се пријават за термин за вакцинација на веб страницата „vakcinacija.mk“ и да си го обезбедат единствениот ефикасен начин за заштита од коронавирусот.
Вакцините се безбедни, проверени, тестирани и навистина, колку побрзо заврши процесот на имунизација толку побрзо ќе заврши оваа борба со овој невидлив непријател пандемијата од КОВИД-19.
Важно е масовно да се учествува во овој процес за масовна имунизација за да ја промениме целокупната слика на епидемијата во позитивна смисла и полека да влеземе во постигнување на колективен имунитет.
По примерот на вакциналниот пункт во Спортската сала „Борис Трајковски“, Владата и Министерството за здравство, во соработка со општините, формираа дополнителни, регионални вакцинални пунктови за масовна вакцинација против КОВИД-19 во Битола, Охрид, Штип, Кавадарци, Тетово и Куманово, а многу брзо такви пунктови ќе бидат отворени и во Велес и Прилеп.
Секако, целиот овој процес треба да оди паралелно со придржување на мерките за лична заштита сѐ додека епидемиолозите не донесат други препораки.
Им честитам на министерството за здравство и на сите чинители кои се вклучени во процесот на вакцинација за одличната организација и како што можев и сам да забележам, сѐ се одвива во најдобар ред. Само со заеднички напор ќе излеземе победници над планетарното зло наречено КОВИД-19“, рече премиерот Заев.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.