05 Декември, 2025
0.3482

По зделката со Роснефт, Векселберг е најбогат човек во Русија

Објавено во: Економија 23 Октомври, 2012 12:31

Добивај вести на Viber

Виктор Векселберг е најбогат човек во Русија, информира Блумберг. Основачот на Ренова Груп, со седиште во Москва, кој има инвестиции во енергетиката, градежништвото и рударскиот сектор, додаде 1.5 милијарди долари кон својата сметка вчера, откако Роснефт се согласи да плати 54.8 милијарди долари, за да го купи „TNK-BP“ во третата најголема зделка во нафтениот сектор во историјата. Состојбата на 55-годишниот Векселберг се проценува на 18 милијарди долари, па според индексот на милијардери на Блумберг, тој со над 700 милиони долари, го надминува  Алишер Усманов, кој беше сметан за најбогатиот Русин од 5-ти март, кога листата беше објавена за прв пат. Роснефт купи 50-отсто удел на „BP Plc“ во „TNK-BP“ за 26.8 милијарди долари во готово и во акции и има договор да добие половина од компанијата која е во сопственост на конзорциумот „Alfa-Access-Renova“, зад кој стојат милијардери како Векселберг, Михаил Фридман, Герман Кан, Алексеј Кузмичев и Лен Блаватник, за 28 милијарди долари во готово. По објавувањето на трансакцијата состојбата на Фридман се зголемува со 1.2 милијарди долари до 15.1 милијарди долари, со што тој го надминува Роман Абрамович и Алексеј Мордашов според овој индекс на милијардери. Така Фридман веќе е петтиот најбогат Русин. Богатството на Блаватник, кој е американски индустриалист, роден во Русија и е студент на Векселберг, се зголемило за 1,5 милијарди долари и стигна до 15.4 милијарди долари, со што Блаватник веќе е 46-тиот најбогат човек во светот. По финализирањето на зделката Роснефт ќе се израмни по производство со „Exxon Mobil Corp.“ најголемата јавна нафтена компанија во светот  и ќе контролира над 40% од производството на сурова нафта во Русија.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања