Побарана оставка од директорот на грчкиот Завод за статистика
Објавено во: Балкан 28 Јануари, 2013 18:21
Вработените во грчкиот Завод за статистика ЕЛСТАТ побараа оставка од директорот Андреас Јоргу, кого го обвинуваат дека намерно го „напумпал“ дефицитот на Грција, со цел да се драматизира финансиската ситуација во земјата. Поранешниот заменик шеф на одделот на ММФ за статистика, кој е именуван во август 2010 година за да го реорганизира грчкиот статистички завод, ги отфрли обвинувањата на двајца вработени во ЕЛСТАТ за наводното фалсификување на податоците за грчкиот буџет во 2009 година.
Владата и Статистичката служба на ЕУ - Евростат, ја прифатија одбраната на директорот Јоргу, потврдувајќи дека презентираните податоци биле согласно пропишаните европски норми.
Но, Синдикатот на вработените во ЕЛСТАТ соопшти дека Јоргу не може да остане на досегашната функција се додека правосудните органи не докажат дека не е виновен.
Датумот за почеток на судскиот процес против директорот на ЕЛСТАТ, на кого му се заканува минимална казна затвор од пет години доколку се докаже дека е виновен, се уште не е одреден.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





