06 Декември, 2025
0.0601

Победата ја има, но се чини недоволна! Успеа ли политичкиот лупинг на Борисов?

Објавено во: Балкан 13 Мај, 2013 00:33

Добивај вести на Viber

Мала разлика на изборите во Бугарија. Борисов е сепак победник, но дали тоа ќе биде доволно да се формира Влада допрва ќе се види. Партијата на Борисов ќе има 12 пратенички мандати повеќе од коалицијата за Бугарија на социјалистите. Со тесна победа од околу 3 до 4 проценти, партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов, победи на предвремените  парламентарни избори во Бугарија, јавуваат агенциите. Партијата на Борисов, „Герб“ освои нешто над 30 отсто од гласовите што ќе и донесе  околу 97 пратенички мандати од вкупно 240 члениот парламент, јавуваат бугарските  агенции. „Коалицијата за Бугарија“, во која доминираат социјалистите е на второ место со најмногу  85 пратеника, додека ДПС освоила околу 11 отсто од гласовите. Според „БТА“ на трето место е турската партија „Право и слобода“, а на четврто место е националистичката „Атака“. Според агенцијата „Галуп“ пак шансите за влез на другите партии во Парламентот се многу мали. Агенциите јавуваат и за излезност од околу 48 проценти, што се смета за рекордно ниска излезност.  На предвремните парламентарни избори во Бугарија право на глас имаа речси 7 милиони граѓани. Борисов релативно стабилно владееше се до скоро, и покрај рецисијата во која се најде Бугарија, поради светската економска криза. Поради покачените сметки за струја во Бугарија почнаа мали протести, но тие брзо прераснаа  во големи митинзи од кои се бараше оставка на Борисов. Бојко реши да ги послуша барањата и да се повлече на 4 месеци пред истекот на неговиот мандат, со надеж за нова победа. Ја има, но дали ќе биде доволна ќе покажат наредните денови.  Борисов важи за еден од најконтроверзните политичари на балканот, за што Фактор веќе пишуваше во статијата Досие Бојко Борисов.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии