29 Септември, 2024
0.0237

Победниците и поразените во авиобизнисот

Објавено во: Анализа 21 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Додека Malaysia Airlines се бори да преживее, другата голема Малазиска авиокомпанија - AirAsia, рапидно се зголемува. Таа нарача повеќе авиони и веќе се насочува кон нови пазари како Индија и Јапонија. Минатиот месец AirAsia откри дека ги здружува силите со оние на јапонскиот гигант во онлајн трговијата Rakuten, како и со неколку други компании, за да издаде нови нискотарифни услуги со летови до Јапонија. AirAsia има 49% удел во новото заедничко вложување. Истовремено една јапонска авикомпанија, која исто така е во тешка положба, ужива ненадеен инвеститорски интерес, откако стана јасно дека шефот на AirAsia Тони Фернандез може да не ја доврши експанзијата, која ја планира. Nikkei Asian Review соопшти дека малезиската компанија размислува да достави понуда за стекнување на Skymark Airlines, третиот по големина авиопревозник во Јапонија. Фернандес сепак ги негира ваквите тврдења. Портпаролот на Skymark тврди дека компанијата не преговара со AirAsia, но последната води преговори со финансиските институции, со кои разговараше за можноста за обезбедување на помош на јапонскиот превозник. Проширување на бизнисот на AirAsia ќе ја чини многу повеќе авиони. На 15-ти јули компанијата изјави дека планира да купи 50 авиони Airbus A330-900neo. Од своја страна, додека Malaysia Airlines се преструктурира, таа ќе се "фокусира на помали регионални и локални мрежи". Покрај тоа, таа ќе го намали бројот на воздухопловните средства и бројот на вработени, тврди аналитичарот на Hong Leong Investment Bank Даниел Вонг. Ако Malaysia Airlines се фокусира токму на пократки летови, според Вонг единствениот "губитник" ќе е AirAsia. Од друга страна, AirAsia X, филијалата која користи авиони Airbus A330-300 за летови кои се над четири часа, евентуално ќе освои повеќе, ако Malaysia Airlines се откаже од дел од далечните дестинации. Во моментов, сепак бизнисот се бори со последиците од последните авионски несреќи. Мистериозното исчезнување на летот MH370 "доведе до пад на корисничката доверба", наведува Мохсин Азиз, аналитичар на Maybank IB Research. Во вторникот AirAsia X објави дека загубила 40,8 милиони долари во второто фискално тримесечје, што е четири пати повеќе од загубата за истиот квартал од претходната година. Од компанијата тврдат дека притисокот врз профитот доаѓа од проширувањето на активностите. И покрај тоа на Twitter Фернандез се пофали дека AirAsia X се справува фантастично и покрај мноштвото турбуленции во последното тримесечје. Според него втората половина од годината се очекува да биде одлична, а 2015 година да е една "величенствена година". К.К.