Почина 40 годишен маж од Кочани: Прва жртва во градот, се стравува за стотици заразени
Објавено во: Македонија 06 Април, 2020
Почина лицето коешто беше евидентирано како прв случај во Кочани, заразен од коронавирусот, потврди денеска градоначалникот на општината Николчо Илијев.
Станува збор за човек кој има само 40 години. Т
„Изразувам длабоко жалење и упатувам сочувство до семејството на починатиот. Жалам што болеста која го тресе светот однесе млад живот и остави болна празнина во нашата средина, ненадоместлива за најблиските.
Повикувам да не се создава паника, туку смирено, свесно и дисциплинирано сите да се придржуваме кон пропишаните мерки, кои се суштински за спречување на заразата, вели градоначалникот.
Лицето, според информации од градот било во контакт со многумина. Тој бил познат фризер од Кочани, а според информациите nе престанал да работи и во овој период. Вчера општината ги повика граѓаните сами да се пријавуваат ако имаат симптоми.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.