18 Декември, 2025
0.2210

Почина Александар Тијаниќ, директор на РТС и еден од најголемите балкански новинари

Објавено во: Балкан 28 Октомври, 2013 21:43

Добивај вести на Viber

Почина директорот на јавниот медиумски сервис на Србија, Александар Тијаниќ на 64 годишна возраст. Човекот кој важеше за едно од најголемите балкански пера и кој девет години беше на чело на јавниот телевизиски сервис на Србија денеска бил најден мртов пред зградата во Нов Белград, каде што живеел. Тој со децении беше еден од најголемите новинари и критичари на состојбите и на политичарите. Тијаниќ беше дел од легендарниот белградски неделник НИН, чест гостин и во хрватските и словенечките печатени медиуми. Во својот живот беше главен уредник во списанијата „Интервју“ и дневниот „Спортски журнал“, колумнист во сплитска „Слободна Далмација“, загрепски „Данас“ и „Старт“, љубљанска „Младина“ и сараевското „Ослобоџење“. Роден на 13-ти декември во Ѓаковица, а  живеел во Подуево и Приштина. По матурирањето , Тијаниќ студира новинарство на Факултетот за политички науки во Белград , каде што беше повикан од неделникот НИН, каде што ја започна својата професионална кариера. Во крајот на 1970 година тој се приклучи во Политика, а во средината на 80-тите, е главен уредник на списанието „Интервју" . Во доцните осумдесетти тој пишува сплитската „Неделна Далмација ", каде што излезе неговата колмна „En passant ", во која тој критички го коментира тогашниот комунистички режим. Во 1994 година беше назначен за министер за информации во Владата на Мирко Марјановиќ каде останува две години по што се враќа во новинарството и го основа дневниот весник „Граѓанин", Весникот брзо пропаѓа, а Тијановиќ новинарска кариера ја продолжува во „Дејли телеграф " и неделникот „Европјанин" на Славко Чирувија . Во матичната куќа „Политика“ се враќа по доаѓањето на демократска влада во средината на октомври 2000 година и е назначен за вршител на должноста директор, но откако повеќето вработени се спротивставиле, само еден ден подоцна поднесува оставка од функцијата . Тој беше основач, водител и директор на неколку телевизии,  работеше како водител на култната емисија на ЈУТЕЛ „Уметност на живеењето" , а беше и првиот директор и основач на телевизија Политика во 1993, првиот директор на БК Телевизија и генерален директор на Радиотелевизија Србија. Почнувајќи од јануари во 2001 година тој е советник за медиуми на претседателот Воислав Коштуница, а во март 2004 -та беше назначен за директор на РТС. Официјално не бил член на ниту една партијаЗад себе остави сопруга и две деца , ќерката Зара и синот Стефан.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата