„Секогаш вткаен во македонската музика“: почина Тоше Поп - Симонов, бројни колеги и пријатели се збогуваат со него
Објавено во: Македонија 19 Април, 2025 19:11
Денеска, на 63-годишна возраст почина познатиот музичар, композитор и продуцент Тоше Поп Симонов.
Поп-Симонов својата музичка кариера ја започна во 1980-тите, како еден од основачите и гитарист на култната скопска рок група „Бастион“, а потоа и гитарист на рок бендот „Асторија“.
Тој остави силен белег на македонската музика во периодот на 1990-тите, кога соработуваше со речиси сите позначајни имиња од поп, рок, како и од фолк сцената во земјава и изведувачи од регионот, меѓу кои и Тоше Проески, Мизар, Архангел, Меморија, Анастасија, Дарио, Верица Пандиловска, Силви бенд, „Фрајле“ и Алка Вуица.
Погребот на Поп-Симонов ќе се одржи во вторник, на 22 април 2025 година, на градските гробишта во Бутел од 11:30 часот.
Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја споделија негови пријатели и сорабоници, меѓу кои и музичарот и продуцент Валентино Сендеровски.
Од него со емотивна порака се опрости и Божидар Божиновски.
- Почина Тоше Поп - Симонов, секогаш вткаен во македонската музика со тивок конец кој никогаш не боди очи во прв ред, а секогаш (читајќи биографски делови) присутен во најзначајните дела и случувања на македонската современа музика.
Нека му е светол патот и сочувство до семејството - напиша Божидар Божиновски.
Од авторот на многу домашни хитови се прости и музичарот Петар Георгиевски-Камиказа од групата „Меморија“.
- Денеска на ден Велигден почина музичкиот великан од нашата генерација, Тоше Поп Симонов. Остави музика и човештина за навек. Не’ задолжи сите кои соработувавме со него. Секогаш спремен да помогне, да се најде за се’ нешто, токму во правиот момент кога мислиш дека цел свет ти пропаднал. Тоше беше секогаш тука и невозможното го правеше возможно. Ти благодарам друже за се’! Последно се чувме пред некој ден и долго зборувавме за неговото здравје. Беше борец и познавач на невозможното кога беше медицината во прашање, поготово последниве неколку години, но срцето јуначко и големо како планина престана да чука денес напладне. Немам сили да пишувам повеќе, бидејќи секој збор што ќе го напишам е премал за се’ она што го направи за сите нас. Почивај во мир мајсторе над мајсторите и горе меѓу ѕвездите една беседа и песна да им направиш, за да можат и тие горе да те слават, како ние тука на земјата!!“, напиша Георгиевски на социјалните мрежи.
Освен со „Меморија“, Поп Симонов соработуваше со брјни изведувачи и групи од домашната свцена меѓу кои „Мизар“, Владо Јаневски, Дарио, „Силви бенд“, „Анастасија“, Дуле и Коки, „Куку леле“ и Верица Пандиловска.
Можеби ќе ве интересира
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти




