Почина Јован Трпеноски
Објавено во: Македонија 14 Април, 2022 20:39
Почина Јован Трпеноски поранешен македонски јавен обвинител, адвокат и секретар за внатрешни работи.
Роден е на 23.11.1935 година во Охрид, каде го завршил основното и средното училиште.
Дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во септември 1959 година. По дипломирањето, засновал работен однос во Општинското јавно обвинителство Охрид, каде работел како Основен јавен обвинител сè до 1974 година. Од 1974 година до 1984 работи како Окружен јавен обвинител во Скопје; во 1988 година именуван е за Јавен обвинител на Македонија, во текот на следните шест години бил јавен обвинител на Македонија, по што станал секретар за внатрешни работи во Извршниот совет предводен од Глигорие Гогоски, функција која ја извршувал во периодот 1989-1990 година. Во 2002 година, Трпеноски станал член на првиот состав на Комисијата за спречување на корупцијата.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




