09 Октомври, 2024
0.0358

ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ ВОЛФГАНГ ШОЈБЛЕ, НАЈМОЌНИОТ ПОЛИТИЧАР ПО МЕРКЕЛ: Во 2014 ја направи Германија без долгови за прв пат од 1969 година

Објавено во: Свет 27 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

На 81-годишна возраст почина познатиот германски политичар Волфганг Шојбле. Легендарниот политичар од редовите на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) почина во сон.

Шојбле, кој беше дел од Бундестагот повеќе од 50 години, ги остави зад себе сопругата, четирите деца и четири внуци. Роден е во Фрајбург во 1942 година, каде се школувал, а потоа студирал на Универзитетот во Хамбург.

Тој ја започна својата кариера во окружниот суд во Офенбург во 1978 година. Неговата политичка кариера започна во 1969 година, а три години подоцна беше избран во Бундестагот со освојување на изборната единица во Офенбург.

Неговата министерска кариера започна во 1984 година кога канцеларот Хелмут Кол го назначи за министер за специјални работи. Во 1989 година, Шојбле беше назначен за министер за внатрешни работи и ги водеше преговорите за повторно обединување во име на Сојузна Република Германија. За време на неговиот мандат како министер за внатрешни работи, Шојбле беше еден од најпопуларните германски политичари и редовно се споменуваше како можен иден канцелар, иако повремено се соочуваше со критики од активисти за граѓански права за неговата политика на ред и закон.

По поразот на ЦДУ/ЦСУ на сојузните избори во 1998 година, Шојбле го наследи својот ментор Хелмут Кол како претседател на ЦДУ, но поднесе оставка по помалку од две години по скандалот со финансирање на партијата.

Во 2005 година Шојбле повторно стана министер за внатрешни работи во кабинетот на канцеларката Ангела Меркел, а во 2009 година министер за финансии и на таа функција остана речиси осум години.

Многумина го сметаа за најмоќна фигура, по Ангела Меркел, во Германија.

Светот ќе го памети по цврстиот став што го зазеде кон јужноевропските земји за време на кризата во еврозоната и по отфрлањето на повиците на Меѓународниот монетарен фонд да и даде на Грција повеќе време да го заузда својот дефицит.

Беше доиследен поборник за штедење, па затоа буџетот на Шојбле за 2014 година ја направи Германија без долгови за прв пат од 1969 година.

фото: EPA/MICHAEL REYNOLDS

Можеби ќе ве интересира

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан