ПОЧИНА СОПСТВЕНИКОТ НА АУРОРА И ПОЗНАТ ТУРИСТИЧКИ РАБОТНИК - СЛАВЕ СИРАЧЕВСКИ - го поседуваше еден од најубавите македонски ресорти Аурора Берово

Објавено во: Економија 25 Февруари, 2024 18:56
Почина сопственикот на Аурора Турс, туристичка агенција, како и сопственик на еден од најубавите хотелски ресорти во Македонија, Аурора Берово, кој поседуваше и угостителски објект на езерото Козјак, Славе Сирачевски.
Веста на фејсбук ја објави поранешниот директор на Агенцијата за туризам Љупчо Јаневски.
„Македонскиот туристички сектор загуби еден од креаторите и визионерите на македонскиот туризам.
Славе Сирачевски со Аурора Турс и уникатните концепти на Хотел Аурора Берово и Аурора Козјак успеа да докаже дека вложувањата за рурален туризам е голема можност во Македонија и пример за регионот!
Во мое лично име изразувам сочуство на семејството!
Благодарам Славе за многуте совети кои ги сподели со мене и помогна во мојот кариерен развој и развојот на македонскиот туристички сектор.
Почивај во мир Славе“, напиша на својот статус Љупчо Јаневски.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски: Ќе се регулира вработувањето на пензионерите и студентите

КАКВА ПОРАКА НОСИ ИЗЈАВАТА НА ИРАН? Ако не продаваме нафта ние, нема да продава никој!

ДРАМАТИЧНА ПРОМЕНА: Британија ги менува даноците за големите технолошки гиганти - сака да ја избегне „трговската војна“ со Трамп?

ЌЕ СЕ СПАСАТ ЛИ ГРАЃАНИТЕ ОД НЕОЧЕКУВАНИ СМЕТКИ? Се подготвува месечно отчитување на броилата за електрична енергија

ОВА СЕ НАЈБРЗО РАСТЕЧКИТЕ ЕКОНОМИИ ВО 2025: Еве кои земји се на првите места

СПИСОКОТ Е ПРЕДОЛГ: Еве кои компании во Германија отпуштија работници – и тоа е само почеток

ТАКА ТОА СЕ ПРАВИ ВО БУГАРИЈА: Се отвараат државни маркети, производите ќе бидат со ограничени маржи

ЈА ОБВИНИ ВЕНЕЦУЕЛА ДЕКА МУ ИСПРАТИЛА ОПАСНИ КРИМИНАЛЦИ: Tрамп воведе царини и за оваа земја

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ: Грција го зголемува минималецот
