Почина затвореник од Лојане
Објавено во: Македонија 27 Октомври, 2016
Б.И.(29) од липковското село Лојане, затвореник во КПУ Идризово, вчера попладне починал на Клиника за гастрологија.
Toj боледувал од цироза, а на 24-ти месецов бил донесен во клиниката поради влошена здравствена состојба.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Инаку, на 17 месецов на пат од КПУ-Идризово кон Клинички Центар во возило починал затвореникот Ш.З. (46) од село Радожда, струшко. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт.