ПОЧНА АПЛИЦИРАЊЕТО ЗА СТИПЕНДИИ: Еве како студентите може да конкурираат
Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2025 16:15
Од денеска до 15 ноември ќе трае аплицирањето за студентски стипендии за академската 2025/2026 година. Министерството за образование и наука објави дека студентите може да аплицираат на конкурсот за четири категории стипендии.
Првпат оваа година Министерството распиша и Конкурс за доделување 15 стипендии за редовни студенти запишани во прва година на студиски програми по македонски јазик за студиската 2025/2026 година, за кој пријавувањето е исто така од 1 до 15 ноември 2025.
Овие стипендии се доделуваат врз основа на одредба од Законот за употребата на македонскиот јазик и се со цел да ги стимулираат учениците од IV година од средното образование за запишување на студиски програми по македонски јазик.
Во објавениот конкурс се наведени условите и потребните документи за оваа стипендија за која месечниот износ ќе биде 6.050 денари и корисниците ќе ја добиваат девет месеци во текот на студиската година.
Списокот на кандидати на кои им се доделува стипендијата ќе биде објавен на веб-страницата на Министерството за образование и наука.
Студентите заинтересирани да се пријават за некоја од стипендиите на МОН и кои ги исполнуваат условите од конкурсите може да аплицираат исклучиво електронски преку платформата: www.e-uslugi.mon.gov.mk
Студентите имаат право да се пријават само за еден вид стипендија од Министерството за образование и наука.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





