Добивај вести на Viber
Пуштена е во употреба мини хидро-електричната централа Ратево-Берово, поставена 50 метри под круната на Беровско езеро, од левата страна на Ратевска Река со капацитет на производство од 400 kw.
Изградбата на оваа мини хидроцентрала која траеше 6 месеци, е резултат на јавно приватно партнерство помеѓу Водостопанство „Берово“ - Берово и најповолниот понудувач на објавената јавна набавка, ДСС „Солар“ - Скопје, кој беше инвеститор , пренесува
Локално.
Предмет на самиот договор вреден 450.000 евра беше изградба на зграда, набавка и поставување на опрема, изградба на далновод до трафостаница на ЕВН Македонија како и адаптирање и пробивање пат до самиот објект.