Добивај вести на Viber
Од денеска и официјално на интернет страницата на Министерството за транспорт и врски граѓаните можат да се изјаснат на електронската анкета за тоа како ќе изгледаат пет нови плажи на охридското крајбрежје.
Се бара решение за плажите Далјан, Извиднички камп, Лагадин, Љубаништа и Студенчиско блато. За сите плажи се понудени по четири решенија.
ПЛАЖА ДАЛЈАН: Кое решение ви се допаѓа?
Освен што можат да гласаат, граѓаните можат и да проверат како се движат резултатите од ддосегашното изјаснување. Гласањето се врши на следниот
ЛИНК. Сите предложени решенија, пак, можат да се проверат
ТУКА.
Целта на проектот, според ресорното Министерство, е да се уреди и збогати понудата при користење на водената површина, да се создаде атрактивен простор кој во себе содржи потенцијал за збогатување на постоечките понуди на охридската ривиера и е од особено значење за зголемување на бројот на туристи, како и креирање на услови за поголем економски развој на општина Охрид.
Предвидено е плажите да се изградат согласно највисоките туристички стандарди и особено внимание ќе се посвети, да не се наруши еко-интегритетот на околината, кои се јавуваат со посебни специфичности за Охридското Езеро.
Според условите, планираната песочна површина треба да биде од соодветен автохтон песок од регионот, притоа да се почитува постојното зеленило и да се дооформи со автохтони видови, хортикултурно и партерно да се уреди со поставување на клупи, фонтани за питка вода, детски игралишта, пешачки патеки од монтажно – демонтажни материјали.
Изградбата на сервисен пункт треба да се состои од шанк со кабина за музика, место за озвучување, санитарен јазол, тушеви (согласно правилникот за минимално-техничките услови за вршење угостителска дејност), соблекувални, прирачна остава за чадори, лежалки и други реквизити.
Понатаму, да се обезбеди простор за чадори за сонце и лежалки, на капалиштата да биде обележан просторот за капење во езерото, заради заштита на капачите од пловни објекти, како и предвидено место за службата за спасување, места за информативни паноа, бежичен интернет и сл.
Откако ќе се изберат идејните решенија ќе се пристапи кон изработка на основните проекти, а потоа ќе се спроведе постапка за нивно уредување согласно изработените основни проекти.
ПЛАЖА ДАЛЈАН: Кое решение ви се допаѓа?