17 Декември, 2025
0.0560

Почнаа консултации – Ердоган си бира наследник на премиерската функција

Објавено во: Балкан 11 Август, 2014 20:38

Добивај вести на Viber

Владејачката Партија на правдата и развојот во Турција соопшти дека консултациите се веќе започнати и оти кон крајот на август ќе го избере новиот турски премиер, кој ќе дојде на местото на Реџеп Тајип Ердоган кој ја презема претседателската функција. Новиот мандатар за состав на турската Влада ќе биде избран на конгрес на 27 август, а истовремено тој ќе биде и нов лидер на партијата. Според турскиот Устав, претседателот на државата мора да ја прекине партиската активност откако ќе биде избран на функцијата. На денешниот првичен состанок не било споменато ниту едно конкретно име за нов турски премиер, иако турските медиуми претходните денови најавуваа дека во случај на победа на Ердоган на претседателските избори, премиерската функција најверојатно ќе ја преземе досегашниот шеф на дипломатијата Ахмет Давутоглу, кој важи за негов близок соработник. Според официјалните податоци од турската изборна комисија, на вчерашните претседателски избори Ердоган извојува победа во првиот круг, освојувајќи 51,79% од гласовите. Неговиот најсилен противкандидат Екмеледин Ихсаноглу доби 38,44%, а курдскиот кандидат Селахатин Демирташ - 9,76% од гласовите. Излезноста на изборите беше 74,13%, што е релативно скромен одзив на гласачите во Турција, каде што гласањето е задолжително.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни