18 Декември, 2025
0.0379

Почнува изградбата на „Јужен тек“ во Србија, Македонија сеуште чека

Објавено во: Балкан 23 Ноември, 2013 11:29

Добивај вести на Viber

Во Србија утре започнува изградба на делот од гасоводот Јужен тек каде ќе бидат инвестирани 1,9 милијарди евра. Почетокот на изградбата ќе биде означен со заварување на првата цевка во местото Шајкаш. Церемонијата според најавите ќе ја следат српскиот претседател Томислав Николиќ , српскиот премиер Ивица Дачиќ, министрите  за енергија на Русија и Србија, но и претседателот на Одборот на директори на Гаспром, Алексеј Милер. Меѓународниот гасовод Јужен тек , проект лансиран од страна на руската државна компанија Гаспром , во вредност од повеќе од 16 милијарди евра ќе доведе рускиот гас, преку цевки  под Црното Море и под копното преку Бугарија , Србија и Унгарија да стигне до потрошувачите во Западна Европа. Гасоводот Јужен тек е заеднички проект на неколку земји, но контролиран од страна на Русите , Германците, Италијанците и Французите, изјави генералниот секретар на Здружението за гас на Србија, Воислав Вулетиќ за Б92. Изградбата на Јужен тек во Србија ќе овозможи снабдување со гас на оваа држава, бидејќи во моментов Србите гас добиваат единствено преку гасоводот од Унгарија. За реализацијата на овој проект има енергетски договор меѓу Србија и Русија , потпишан на 25-ти јануари 2008 година, а кој вклучува продажба на НИС на рускиот „Gaspromnjeft“ за 400 милиони, а Гаспром исто така ќе поседува 51 проценти од подземното складиште за гас во Банатски Двор. Делот на Јужен тек низ Србија ќе биде долг 421 километр и предвидува изградба на две гранки - во Хрватска од 52 километри и во Република Српска од 105 километри. Се работ и проект на јужниот крак кон Македонија, пишува Б92. Изградбата на Јужен тек во Србија треба да биде завршена за две години. Капацитетот на гасоводот во Србија ќе биде 40,5 милијарди кубни метри годишно.  

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии