ПОЧНУВА НОВАТА СЕЗОНА ВО МОБ ВО ПАРТНЕРСТВО СО ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА
Објавено во: Мои пари 29 Септември, 2025 16:38
Видеолотарија Касинос Австрија е сигурен партнер на културата. Тоа го потврдуваме и преку поддршката на новата сезона во Националната опера и балет.
Видеолотарија Касинос Австрија како лидер во секторот игри на среќа, со особена гордост ја презема улогата-партнер на културните збиднувања во Националната опера и балет. Во петок 03.10.2025, со почеток од 20 часот, започнува новата сезона. На отварањето ќе биде изведено едно од најмоќните и најемотивни ремек-дела во историјата на класичната музика – „Реквием“ на Моцарт. Под диригентската палка на истакнатиот италијански диригент, Џанлука Мартиненги, македонската публика ќе има можност да присуствува на извонредна изведба на дело што ја отсликува генијалноста, длабочината и духовната сила на Моцарт.
Во солистичката постава ќе настапат: Биљана Јосифов (сопран), Николина Јаневска (мецосопран), Јане Дунимаглоски (тенор) и Владимир Саздовски (бас). Заедно со оркестарот и хорот на Националната опера и балет, тие ќе создадат незаборавно музичко доживување кое ќе го означи почетокот на новата сезона.
Поддршката на културните настани е клучен сегмент од корпоративната стратегија на Видеолотарија Касинос Австрија, насочена кон поттикнување на уметноста и збогатување на културниот живот во земјава. Со ова партнерство ја потврдуваме нашата заложба за поддршка на вредностите што културата ги носи во едно општество – убавината, инспирацијата, духовноста и заедништвото. Годи сме што ќе бидеме дел од настаните кои ја промовираат и унапредуваат културата.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





