06 Декември, 2025
0.0552

Почнува првиот Цветен фестивал во Скопје

Објавено во: Македонија 16 Мај, 2014 18:42

Добивај вести на Viber

Градот Скопје ги поканува граѓаните на првиот СКОПСКИ ЦВЕТЕН ФЕСТИВАЛ, кој во деновите од претстојниот викенд (17.05 и 18.05) од 10 до 19 часот ќе се одржува во вториот дел од Градскиот парк, на просторот наспроти „Паркот за миленици“. Фестивалот на цвеќето ќе почне утре (17.05), во 10 часот, со цветно дефиле во кое ќе учествуваат 500 деца, а кое ќе тргне од плоштадот „Македонија“ и ќе се движи кон Градскиот парк. Просторот наспроти „Паркот за миленици“ ќе биде поделен на три зони. Првата зона ќе биде зона за креативни работилници, анимации, креации, иновации и идеи. Вработени во ЈП „Паркови и зеленило“ на овие работилници ќе пренесуваат искуства на сите заинтересирани, а особено на најмладите, како правилно да се садат и негуваат цвеќињата, како да направат цветен аранжман, како да изработат цветно оригами... Студенти од Технолошко-металуршкиот факултет, пак, ќе подготвуваат креации инспирирани од цвеќе. Во втората зона – зона за промоција, познати цвеќари и фирми за хортикултурно и пејсажно уредување ќе изведуваат мини градини. Во оваа зона своите вештини ќе ги покажуваат стручни лица од ЈП „Паркови и зеленило“, Шумарскиот факултет, СУГС „Ѓорѓи Димитров“, Green planet, Хортиексперт, Хорти дизајн, Маган мак, Биропроект, Китка Плант фарма и други. Во овој дел граѓаните ќе можат и да купат цвеќе по намалени цени и тоа: сезонско цвеќе (Impatiens, salvija, begonia, petunia…) од 25 денари; резан цвет (rosa, gerbera, kala, hrizantema,…) од 40 денари; саксиско цвеќе од 95 денари; цветни аранжмани и букети од 100 денари. Во третата зона – зона за забава и еко-пикник, граѓаните ќе имаат можност да погледнат цветни перформанси, да вежбаат јога, аеробик и зумба на отворено и да слушаат музика. Целта на првиот СКОПСКИ ЦВЕТЕН ФЕСТИВАЛ е да се промовира одгледувањето цвеќе пред граѓаните, а најмладите да се вклучат во работилници, да ја покажат својата креативност и да научат нешто повеќе за цвеќињата.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија