01 Септември, 2024
0.0256

Почнува реализацијата на Мастер-планот за развој на Попова Шапка

Објавено во: Македонија 20 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Под мотото „Сите на снег“ во сабота на Попова Шапка ќе се одржи промотивен ден во организација на Скијачката федерација на Македонија, Клубот Полар, Меѓународната скијачка федерација- ФИС и ЕЛЕМ Турс. За сите љубители на зимските спортови ова ќе биде можност да научат да скијаат, бордаат и да поминат прекрасен семеен ден во еден од нашите најголеми скијачки центри.За првите 30 пријавени деца на возраст од 6 до 14 години ќе се организира бесплатен превоз, оброк и пијалак, часови по скијање и сноуборд, изнајмување на опрема, возбудливи трки и многу други изненадувања. “Годинава топлото време малку подрани, но на Попова Шапка условите за уживање во зимските спортови се сè уште одлични, па затоа во соработка со клубот Полар и ЕЛЕМ Турс решивме да ја покренеме оваа иницијатива се со цел да не ја пуштиме зимата да си отиде толку рано. Првите 30 пријавени дечиња ќе имаат можност да добијат бесплатни часови по скијање и сноуборд, изнајмување на опрема, како и топол оброк и пијалак. Превозот од Скопје до Шапка е исто така организиран па првите пријавени посетители единствено што треба да понесат со себе е доброто расположение и желбата за совладување на зимските спортови“-изјави Кирил Насков, секретар на скијачката федерација на Македонија. Според управителката на ЕЛЕМ Турс, Јованка Стојанова, оваа манифестација ќе влезе во календарот на планирани активности на туристичкиот центар Попова Шапка и за наредните скијачки сезони. Веќе од наредната сезона, во функција на подобрување на условите во скијачкиот центар, АД ЕЛЕМ почнува со серија инвестициски зафати во туристичкиот центар Попова Шапка вредни околу 30 милиони евра. Еден од капиталните проекти што почнува годинава е изградбата на шестоседна жичарница. За таа цел, во меѓународна постапка веќе е избрана е италијанската групација LEITNER која со активностите за поставување и изградба на жичарницата ќе започне во текот на пролетта. Позицијата на жичарницата е одредена според Мастер план Студијата за Попова Шапка, и се наоѓа на позицијата на сегашниот ски-лифт „Мал Јелак“. Должината на трасата изнесува 1.420 м. Иницијалниот капацитет за транспорт на скијачи ќе биде и до 2.400 скијачи на час, а максималниот 3.200 скијачи. По должината на оваа жичарница ќе бидат отворени три нови скијачки патеки со вкупна должина од пет километри. Според Мастер план Студијата, во рамките на истиот зафат, во план е да се направи и ски пат по кој скијачите ќе може да стигнат од крајната точка на шестоседната жичарница, односно до позицијата планирана за почетна точка на жичарницата. Овој зафат е предвиден да се гради во втората фаза од реализацијата на мастер планот за модернизација на Попова Шапка. Проектот за таа цел веќе е изготвен, а допрва останува да се објави јавен повик за изведувач на изградбата на патот. Исто така, врз основа на изработен проект за паркинг за јавна намена на ски-центарот “Попова Шапка”, во 2013 година е објавен повик за изведувач на овој инфраструктурен зафат. Во тек е избор на најповолен понудувач, по што работите на терен се очекува да започнат во почетокот на мај, годинава. Позицијата на паркингот е во централното подрачје на Попова Шапка со капацитет од 350 возила, осветлување и пристапен пат. Во насока на обезбедување услови за долга скијачка сезона, во 2013 година започна ископот за изградба на отворен резервоар за вода, која ќе се користи за изработка на вештачки снег. Изградбата на овој резервоар треба да заврши во октомври 2014 година кога ќе биде инсталиран и системот за вештачки снег. Резервоарот е со должина 80 м, широчина 100 м, максималната длабочина од 7 метри, и капацитет на зафатнината е 32.000 м3. Со оваа количина на вода, ФИС хомологираните патеки за велеслалом и слалом ќе бидат целосно покриени со вештачки снег. Понатаму, веќе е потпишан договор за изработка на проект за изградба на нов хотел на местото на хотел „Славија“ на Попова Шапка. Изработката на проектот за новиот хотел е во последна фаза по што следи негово ревидирање. Според востановената динамика, на крајот на наредниот месец, АД ЕЛЕМ ќе објави тендер за избор на изведувач, а до крајот на јуни очекуваме да биде избрана фирма која ќе изгради целосно нов хотел на истата локација каде што сега се наоѓа хотелот Славија. Годинава ќе биде објавен и јавен повик за инсталирање електронски систем за печатење и евиденција на ски билети. Со овој систем ќе се добие модерно, поекономично и поедноставно функционирање на скијачкиот центар. Новиот систем ќе биде инсталиран пред почетокот на ски сезоната 2014/2015. Една од новините е и почеток на изградбата на “Snowboard park”, кој ќе биде според сите ФИС стандарди со можност за одржување на официјални натпревари. Паркот ќе биде со должина од 320 метри и широчина од 65 метри. Ќе бидат поставени 3 линии (патеки), поделени во 4 сектори. Трите линии за почетници, средни и напредни ќе содржат по 4 боксови, 2 скока и по 2 реила. Локацијата на паркот ќе биде на потегот меѓу сегашниот ски-лифт “Бабин извор” или “Аеродром” и двоседната жичарница “Св. Илија”. Се очекува изградбата на оваа атрактивна содржина за „бордерите“ да почне летово.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Учебната година ќе почне утре, Филипче вели дека наставниците треба да добијат повисоки плати

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Учебната година ќе почне утре, Филипче вели дека наставниците треба да добијат повисоки плати

ИСЧЕЗНА МОМЧЕ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Полицијата трага по него

ИСЧЕЗНА МОМЧЕ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Полицијата трага по него

ЦУК: Хеликоптер e пратен да спаси германски параглајдерист во Крушево

ЦУК: Хеликоптер e пратен да спаси германски параглајдерист во Крушево

ПРОЛЕТНИОТ РАСПУСТ СЕ УКИНУВА: Утре почнува новата учебна година

ПРОЛЕТНИОТ РАСПУСТ СЕ УКИНУВА: Утре почнува новата учебна година

НОВ СЛУЧАЈ: Работници од Бангладеш исчезнале во тетовско

НОВ СЛУЧАЈ: Работници од Бангладеш исчезнале во тетовско

„Вреди“: Иницијативата за интерпелација на Гаши е обид за дестабилизација

„Вреди“: Иницијативата за интерпелација на Гаши е обид за дестабилизација

(ВИДЕО) ЛЕФКОВ: Бисера со службена картичка купила два авионски билети за Лондон, а потоа не заминала на пат

(ВИДЕО) ЛЕФКОВ: Бисера со службена картичка купила два авионски билети за Лондон, а потоа не заминала на пат

АКТИВНИ СЕ ЧЕТИРИ ПОЖАРИ: Гори кај селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка

АКТИВНИ СЕ ЧЕТИРИ ПОЖАРИ: Гори кај селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка

ИНТЕРВЈУ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ИГОР ФИЛКОВ: Секој што злоупотребил функција нема да остане неказнет, и за тоа ќе најдеме соодветно решение

ИНТЕРВЈУ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ИГОР ФИЛКОВ: Секој што злоупотребил функција нема да остане неказнет, и за тоа ќе најдеме соодветно решение