Почнува санацијата од поплавата во градинката „Раде Јовчевски – Корчагин“
Објавено во: Македонија 03 Јуни, 2014 13:54
Од понеделник децата повторно треба да бидат сместени во градинката “Раде Јовчевски – Корчагин“, која беше зафатена од неодамнешните поплави во Скопје. Ова го договорија родителите на децата од поплавената градинка, директорката и воспитувачките на средба со градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, каде изнајдоа начин да го решат проблемот настанат со поплавите.
Сепак, в четврток епидемиолошките служби ќе ги соопштат резултатите од земениот брис кои ќе покажат дали е воопшто можно сместување на децата, додека резултатите од проверките за безбедност на храна ќе бидат објавени за еден месец.
Квалитетна исхрана, до санирање на кујната во градинката, ќе се набавува од надворешен добавувач кој ќе ги поседува сите неопходни сертификати. Од денеска службите во општина Центар почнуваат со санирање на плочките.
Со ова се излезе во пресрет на родителите кои прашуваа каде да ги носат децата, бидејќи не можат да излегуваат од работа или да земат одмор. Средствата за санацијата ќе бидат обезбедени со итни измени во буџетот на општина Центар на првата наредна седница на Советот на општина Центар.
“Градоначалникот и општината веднаш ни излегоа во пресрет. Тој е голем дечар и многу гисака децата, не е имун на состојбата и прави се’ за нивно добро“, рече директорката Злата Николиќ, негирајќи дека се пожалила на соработката со општината.
Внимателно ја следиме состојбата уште од првиот момент, изјави градоначалникот Андреј Жерновски, најавувајќи дека ќе преземе сè за да се санира состојбата.
“Направен е позитивен притисок за да може во најбрз можен рок децата да бидат сместени и да добијат најквалитетна исхрана. Од денеска почнува санацијата на плочките и за нас – децата се на прво место“, рече Жерновски.
Жерновски исто така посочи дека поплави, какви што имавме неодамна, се реткост, но со санацијата на градинката ќе се преземат мерки за ова да не се повтори.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија






