19 Јануари, 2025
0.0260

ПОЧНУВА СУДЕЊЕТО: Дали родилката во Гевгелија беше убиена?

Објавено во: Македонија 10 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Денеска во судот во Велес треба да почне судењето за смртта на родилката Маја Кадиева, за што се обвинети двајца гинеколози и еден анестезиолог. Првото рочиште кое беше закажано на 29 септември не почна и беше одложено за денеска 9 ноември. Сопругот на починатата, Мите Кадиев, очекува дека конечно ќе се соочи очи во очи со лекарите кои се обвинети за смртта на неговата 32 годишна сопруга и бебето.

„Очекувам да почне процесот и брзо да заврши. Се надевам дека нема да има опструкции од страна на обвинетите за да се одолговлекува судењето. Фактите се непобитни и очекувам дека судот професионално ќе си ја заврши работата и ќе донесе правилна пресуда базирана на наодите од  Судска медицина“, изјави за Фактор Мите Кадиев, сопругот на починатата родилка.

Тројцата лекари се обвинети за кривичното дело „Тешки дела против здравјето на луѓето“. На почетокот на истрагата беше осомничен уште еден анестезиолог кој учествувал во породувањето, но тој во меѓувреме почина.

Маја Кадиева и нејзиното бебе починаа ноќта меѓу 22 и 23 октомври минатата година во болницата во Гевгелија, при нестручно изведено породување, а истражните органи докажаа дека анестезиолозите биле пијани за време на царскиот рез. Смртта на Кадиева настанала поради комплетен прекин на доводот на кислород и задушување, поради што се задушило и бебето во утробата на мајката, покажа извештајот од судските вештаци.

Институтот за судска медицина по извршената обдукција утврди дека  детето живеело десет минути по породувањето и имало развиено органи за живот, а умрело како последица на недостатокот на кислородот додека било во утробата на мајката и влез на јаглерод диоксид во белите дробови на бебето.

Маја Кадиева подолго време била оставена без кислород, била погрешно интубирана неколкупати, односно лекарите анестезиолози повеќепати неуспешно и спуштале црево во дишните органи.

„Со овие дејствија обвинетите иако биле свесни дека нивното постапување може да предизвика штетна последица, се согласиле со истата и воопшто несовесно постапиле при укажување лекарска помош при процесот на породување. Со тоа предизвикале влошување на здравствената состојба кај родилката што резултирало со смртен исход на сега покојната и на новороденчето“, пишува во обвинението донесено на 3 мај годинава.

Анализата  на примероците на крв извршена од страна на Министерството за внатрешни работи покажала 1,23 промили, односно 1,75 промили алкохол во крвта на лекарите анестезиолози.

Кадиев во текот на истрагата изјави дека според него смртта на сопругата и бебето е убиство и ќе бара правда.

„Јас реков ова е убиство дали ќе биде така незнам но, јас ќе го кажам така затоа што мојата жена беше здрава и жива а моето новородено беше нагласувам живо и здраво иако мене ми кажуваат дека било мртво родено. Мора да се утврди од Судска медицина, да ја завршат работата брзо и професионално, како што досега работеа. Сите што се виновни, а и тие што најмалку се виновни, да бидат казнети за да видат што прават со среќата на луѓето,“ изјави Кадиев во Обвинителството за време на истрагата.

Ј.М.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВАЛ ТОШКОВСКИ КОГА ГО ВИДЕЛ МИЈАЛКОВ ВО МОНТЕ КАРЛО: „Не се чувствував поинаку од другите македонски граѓани“

ЕВЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВАЛ ТОШКОВСКИ КОГА ГО ВИДЕЛ МИЈАЛКОВ ВО МОНТЕ КАРЛО: „Не се чувствував поинаку од другите македонски граѓани“

ШТЕКЛИ ЗАД РЕШЕТКИ, ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА ОЈО: Уапсени се повеќе лица што продавале дрога

ШТЕКЛИ ЗАД РЕШЕТКИ, ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА ОЈО: Уапсени се повеќе лица што продавале дрога

СДСМ ДЕНЕС Е ПАРТИЈА СО НОВА ЕНЕРГИЈА И ВИЗИЈА: Филипче вели, мисијата е да бидат партија блиска до народот

СДСМ ДЕНЕС Е ПАРТИЈА СО НОВА ЕНЕРГИЈА И ВИЗИЈА: Филипче вели, мисијата е да бидат партија блиска до народот

НЕ ДОЧЕКА ДА СИ ГО ВИДИ ДЕТЕТО: Таткото на починатиот Алекс вели дека на момчето му се влошила состојбата по примената инфузија

НЕ ДОЧЕКА ДА СИ ГО ВИДИ ДЕТЕТО: Таткото на починатиот Алекс вели дека на момчето му се влошила состојбата по примената инфузија

ШТЕКЛИ И ПАДНА ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА: Пробал да бега, уапсен е во Гевгелија

ШТЕКЛИ И ПАДНА ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА: Пробал да бега, уапсен е во Гевгелија

ЛАЗАРОВ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА - ПСИХИЧКИ ПАДНАВ МНОГУ: Еве што кажа во поткастот „Кажи шифра“

ЛАЗАРОВ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА - ПСИХИЧКИ ПАДНАВ МНОГУ: Еве што кажа во поткастот „Кажи шифра“

ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК „ПАДНА“ СО 50 ЕВРА ПОТКУП: Пронајдени пари и документација

ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК „ПАДНА“ СО 50 ЕВРА ПОТКУП: Пронајдени пари и документација

НИ ДОАЃААТ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Температурите ќе бидат повисоки за 3 до 6 степени, еве ја прогнозата на Попоски

НИ ДОАЃААТ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Температурите ќе бидат повисоки за 3 до 6 степени, еве ја прогнозата на Попоски

ЕВЕ ГИ ЖЕЛБИТЕ НА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА МАКЕДОНИЈА: Досадна европска, правна држава со демократски политички систем

ЕВЕ ГИ ЖЕЛБИТЕ НА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА МАКЕДОНИЈА: Досадна европска, правна држава со демократски политички систем