05 Декември, 2025
0.3882

Почнува впишување на парцелите без утврдена сопственост

Објавено во: Македонија 07 Март, 2014 18:31

Добивај вести на Viber

Една десетина од градежните парцели во Македонија немаат впишана сопственост во Катастарот. Се работи за околу 50.000 градежни парцели за кои отпочнува постапката за утврдување на нивната сопственост. За 40 илјади парцели веќе има податоци во Катастарот и за нив по службена должност ќе се направи запишување. На овој начин 26 илјади граѓани бесплатно ќе добијат имотен лист. За останатите 10 илјади парцели веќе е објавен повик до граѓаните да ги достават сите документи за сопственост со кои располагаат до надлежните институции. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески смета дека се работи за значаен проект кој е во интерес на граѓаните со кој ќе се дозаокружи процесот на запишување на имотите на целата територија и ќе се раздвижи пазарот на недвижности. „Ќе се заокружи процесот на запишување на имотите на целата територија на државата, еден крупен и сеопфатен процес кој започна во 2006 година и кој во 90 проценти досега е завршен со што граѓаните се стекнаа со соптвеничко право на имотите што им овозможи да ги купуваат, продаваат или да ги заложат како хипотека во банките“, рече Ставрески. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески смета дека со овој процес ќе се забрза процесот на легализација на земјиштето.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија