05 Декември, 2025
0.0594

Почнува втората фаза од преадаптацијата на штипската Филтер станица

Објавено во: Македонија 24 Април, 2013 14:19

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев и директорот на ЈП „Исар“, Никола Мицевски денеска остварија средба со претставници од словенската фирма „Искра системи“, која ќе ја реализира втората фаза од преадаптацијата на Филтер станицата.

Општина Штип од Република Словенија треба да добие грант со цел да се реализира втората фаза од преадаптацијата на Филтер станицата, со што ќе може да ја прима водата од Хидросистемот „Злетовица“.

- Првата фаза е при крај, додека во втората фаза, инсталирањето на апаратите и останатите инструменти ќе се реализира преку Искра системи од Словенија. За таа активност, Словенија дава грант од околу 415.000 евра, кои ќе се искористат по овој основ. Тие изразија и подготвеност, штом започнат работите, да бидат експедитивни и да завршат дури и пред предвидениот рок. Очекуваме дека веќе од септември, штипјани ќе пијат вода од ХС Злетовица, рече Мицевски.

Штипскиот градоначалник, Захариев најави дека договорот за донацијата за преадаптација на Филтер станицата ќе го потпише наредната недела.

- Јас имам обичај да ги проверувам договорите, да бидеме сигурно дека сето она што е ставено на хартија е издржано согласно сите прописи и Закони а од друга страна, за да се потпише договорот за донацијата, за овој грант, потребно е претходно Владата да го усвои меморандумот за соработка. Откако тоа ќе биде сторено, јас ќе го потпишам договорот. Тоа ќе се случи најверојатно идната недела, рече Захариев.

Општина Штип за реализација на првата фаза за преадаптацијата на Филтер станицата зеде кредит од околу 470.000 евра од јапонска „Џајка“, а првата рата од овој кредит треба да се плати во мај.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот