Почнаа подготовки за градба на 400 kV далновод Битола – Елбасан
Објавено во: Македонија 16 Мај, 2013 14:03
Електропреносните систем-оператори на Република Македонија и на Република Албанија, МЕПСО и ОСТ ги утврдија и координираа идните подготвителни активности за финансирање и за изградба на новиот 400 kV интерконективен далновод што ќе ги поврзува двете земји. Наскоро ќе биде потпишан технички меморандум, а ќе има и размена на диспечерски кадар од диспечерските центри на двете компании, заклучија генералните директори на МЕПСО и на ОСТ Синиша Спасов и Арбен Иброја, на средбата што се одржа денеска во седиштето на ОСТ во Тирана.
На работниот состанок менаџерските тимови ги разгледаа студиите за економска оправданост и за влијанија врз животната средина и ги утврдија идните активности за изградба на новиот далновод во кој, според студијата, ќе бидат инвестирани повеќе од 68 милиони евра. Македонскиот дел од инвестицијата е проценет на 43,5 милиони евра и вклучува изградба на 95 километри далновод од Битола до македонско-албанската граница и изградба на нова 400/110 kV трансформаторска станица во близината на Охрид во месноста „Ливоишта“. Македонскиот дел од инвестиција е планирано да се финансира со кредитна поддршка од меѓународни финансиски институции.
- Овој проект е од големо значење за стабилноста и доверливоста на нашиот национален електроенергетски систем, а воедно значително ќе го зголеми капацитетот на нашата преносна мрежа. Ова ќе биде прво електроенергетско поврзување на македонскиот со албанскиот електроенергетски систем. На национално системско ниво големо е значењето и на новата 400/110 kV трансформаторска станица во регионот на Охрид затоа што ќе ги задоволи сите проекции за раст на конзумот на електрична енергија во тој регион на долг рок, а ќе ја подобри и доверливоста и стабилноста, истакна Синиша Спасов, генералниот директор на МЕПСО.
На состанокот од македонска страна учестуваа и Михаил Пановски, директор на подружницата Оператор на преносна мрежа при МЕПСО и , македонскиот амбасадор во Албанија Веле Трпевски. Од страна ОСТ учествуваа и Јил Демиреј, координатор на овој проект, Илда Незири Нуши, директор на правниот сектор и Суфије Џепа, директор за финансии и инвестиции.
Физибилити студијата опфаќа системски, технички, еколошки, финансиски и економски анализи за исплатливоста на проектот, а интегрира и студии за влијанијата на проектот врз животната средина на македонскиот дел и на албанскиот дел од интерконекцијата. Нарачатели на студиите се МЕПСО и ОСТ, а процесот е започнат со меморандумот за разбирање што двете компании го склучија во април 2011 година. Студиите се финансирани со грант од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и германската банка KfW преку „Инвестициската рамка за Западен Балкан“ (IFWB). Изработувач на студиите е реномираната данска консултантска куќа COWI. Студијата предвидува далноводот да биде ставен во функција до крајот на 2017 година.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





