Под сомнеж дека е токсично, Србија повлече од продажба 50 брендови млеко
Објавено во: Балкан 20 Февруари, 2013 16:54
Српските власти денеска наредија некои марки млеко да бидат повлечени од трговската мрежа и покрај претходните уверувања дека се безбедни и не соддржат канцерогени токсини, пренесе Танјуг.
Оваа одлука е донесена по распространетото јавно незадоволство и обвинувања дека здравствените власти со недели ги кријат резултатите од лабораториските проби, што според гласините покажуваат дека повеќето марки млеко продавани во Србија соддржат голем процент афлатоксини.
Првично властите одбија да ја инфомираат јавноста за тоа кои марки млеко биле повлечени од продажба, соопштувајќи дека ги чекаат резултатите од тестовите нарачани во Холандија.
„Ова е навистина безобразлук. Како да дознаеме какво млеко можеме да купуваме, изјави 45-годишната Јелена Матиќ од Белград.Началникот на ветеринарната инспекција, Сања Челебичанин, попладнево изјави дека властите наредиле повлекување на 50 вида млеко од речиси сите млекопроизводители во земјата.
Министерот за здравство Славица Ѓукиќ-Дејановиќ уверува дека нема причини за паника.
„Јас пијам млеко“, изјави таа и ги посоветува граѓаните сами да одлучат дали да пијат млеко или не.
Горан Јешиќ, регионален секретар за земјоделие во Војводина, кој вчера го наруши молкот и ги објави резултатите од тестовите за афлатоксини, денеска инсистираше владата да ја повлече и храната за добитокот, што соддржи отровна мувла, давајќи им инструкции на фармерите како да го неутрализираат присуството на афлатоксини.
Министерот за земјоделие Горан Кнежевиќ вчера ја демонстрираше својата доверба во млекото, испивајќи неколку чаши за време на прес конференцијата.
Јешиќ, меѓутоа, тврди дека повеќето од марките млеко, што се продаваат во Србија, соддржат над дозволените количества афлатоксини.
Хрватска веќе повлече од продажба четири марки млеко со високи соддржини афлатоксини. Траги од афлатоксини беа пронајдени и во некои марки млеко, продавани во Словенија, БиХ и Македонија
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





