16 Декември, 2025
0.0993

Податоците од втората црна кутија потврдуваат: Лубиц го урнал авионот намерно

Објавено во: Свет 03 Април, 2015 13:49

Добивај вести на Viber

Анализата на податоците од втората црна кутија на авионот на „Германвингс“ кој се урнал во Француските Алпи, потврдуваат дека вториот пилот намерно го урна авионот, изјавиле  инспекторите, пренесе Франс прес.

Потсетуваме втората „црна кутија“ беше отворена вчера по 9 дена од претресот на местото на несреќата. Таа дава податоци за техничката состојба и параметрите на авионот за време на летот, додека првата открива информации од записите во пилотската кабина.

Според инспекторите Лубиц го кренал и насочил авионот да се урне во Француските Алпи, при што загинаа сите 150 патници.

Француското биро за истраги на воздухопловни несреќи (BEA) прецизира дека пилотот ги променил поставувањата, за да ја зголеми брзината на авионот.

„Првите анализи покажуваат дека пилотот во кокпитот се користел со автоматско управување, за да ја намали висината на авионот до висина од околу 30 метри. Потоа неколку пати во текот на намалувањето пилотот ги изменувал прилагодувањата на автоматски, за да ја зголеми брзината на авионот“, појаснија од BEA.

Од бирото додадоа дека продолжуваат да го поставуваат редоследот на настаните за време на летот.

Авионот се урна со околу 700 километри на часа, при што загинаа на лице место сите во него, вклучувајќи половина од нив Германци и повеќе од 50 од Шпанија.

Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете