ПОДДРШКА ЗА ВУЧИЌ: Колони возила со српско знаме во Белград и Косовска Митровица
Објавено во: Балкан 23 Мај, 2024 20:17
Колони возила со српско знаме имаше во Белград и Косовска Митровица за поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ откако денеска во Обединетите нации е усвоена Резолуцијата за геноцидот во Сребреница.
Имаше и транспарент на кој пишува „Србите не се геноциден народ“.
„Слогата ќе биде пораз за ѓаволот! Секогаш слободни и никогаш поразени! Поддршка за претседателот Вучиќ во безмилосната борба за нашиот народ и држава! Да живеат Србија и Српска засекогаш!“, напиша премиерот Милош Вучевиќ на својот Инстаграм профил.
Медиумите пренесуваат и за протестот пред владата во Подгорица поради гласањето на Црна Гора за резолуцијта за геноцид во Сребреница.
Хрватска го поздрави усвојувањето на резолуцијата за геноцидот во Сребреница во Генералното собрание на ОН, нагласувајќи дека Загреб својата позиција ја заснова на почитување на меѓународното право.
Во Сребреница во јули 1995 година босанските Срби убиле над 8.000 Бошњаци.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




