ПОДДРШКАТА ЗА „BREXIT“ РАСТЕ, ФУНТАТА ПАЃА: Излез од ЕУ ќе ја урне британската економија?
Објавено во: Економија, Свет 07 Јуни, 2016 11:22
Една од анкетите покажа дека 45 одсто од граѓаните на Велика Британија го поддржуваат излезот од Европската унија, додека 41 одсто и понатаму сакаат да останат во ЕУ. Друга анкета, покажала сличен заклучок, па така 43 одсто за излез, додека 40 одсто од Британците се изјасниле дека сакаат да останат дел од европската заедница.
Експертите истакнуваат дека, ваквата ситуација дава повод за загриженост кога е стабилноста на финансискиот пазар во прашање и наведуваат дека очекуваат понатамошен пад на фунтата, доколку анкетите продолжат да покажуваат резултати слични на наведените.
Англиската банка во својот извештај од мај соопштила дека несигурноста околу исходот на европскиот референдум веќе влијаела на стабилноста на британската валута и дека евентуален излез од ЕУ имал страшни последици.
„Постојат докази дека падот на курсот на фунтата од 9 одсто во однос на врвот на кој бил во ноември е директна последица од ефектот на прелиминарните истражувања за референдумот“ , се наведува во соопштението на оваа институција.
Меѓутоа во редовите на про-Брегзит конзервативците мислат поинаку:
-Што и да се случува сега со фунтата е краткорочно. Длабоко сум уверен дека доколку сте способни да ја согледате состојбата во иднина, може да видите дека таа и тоа како е светла по економијата на оваа земја-вели Борис Џонсон, поранешен градоначалник на Лондон.
Што ќе се случи со вредноста на фунтата доколку британците одличат да ја напуштат ЕУ?
Според еден од водечките британски економисти Полу Холингсворт, гласот за излез од Европската унија би можел да биде причина за моментален пад на вредноста на фунтата. Тој вели дека јачината на тој пад би можела да биде одредена со она што ќе го покажат анкетите кои ќе се спроведат во текот на следните неколку недели.
„Мислам дека доколку прелиминарните истражувања покажат дека јавното мислење се движи кон опцијата напуштање на ЕУ можеме да очекуваме поголем пад на фунтата пред, отколку после референдумот. Меѓутоа, доколку истражувањата покажат дека Британците се за останок во Европа, а на гласањето сепак се покаже дека од неа излегуваме, ќе следи фактор на шок и тоа би можело да зададе тежок удар на националната валута-вели Холингсворт, и додава дека најверојатно е дека евентуален излез на Британија од ЕУ може да предизвика пад на фунтата во распон од 10 до 20 одсто.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




