ПОДЕЛБИТЕ ВО СИРИЗА СЕ ПОДЛАБОКИ: Грција го усвои вториот пакет реформски закони!
Објавено во: Балкан 23 Јули, 2015 10:18
По неколку часа дискусии во парламентот на Грција се усвоија во раните часови од четвртокот законите од вториот пакет реформи, потребни за добивање на огромната меѓународна финансиска помош и за спасување на економијата во земјата.
Текстовите вклучуваат реформи во граѓанското правосудство за заштита на банкарските депозити и мерки за зајакнување на ликвидноста на банките. Тие беа поддржани од над 200 пратеници со јасно мнозинство.
Гласањето се сметаше како клучен тест за власта на премиерот Алексис Ципрас, откако тој преживеа сериозен бунт меѓу пратениците од неговата партија „Сириза“ во гласањето за првата група тешки реформи побарани од меѓународните кредитори на Атина една недела порано.
Одобрението на вториот и последен пакет реформи беше предуслов за започнување на преговори со кредиторите од страна на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и ЕУ за нова програма за помош за загрозената земја од банкрот .
Според министерот за финансии Евклидис Цакалотос, Владата може да започне преговори со кредиторите во петок. Договорот треба да биде подготвен не подоцна од 20 август, изјави тој во парламентот. Дотогаш Грција ќе мора да отплати околу 3,2 милијарди евра на Европската централна банка (ЕЦБ).
Како што јави бирото кон парламентот во четвртокот изутрина 63 парламентарци гласаа против пакетот реформи. Имаше 5 воздржани, двајца пратеници се отсутни.
За време на дебатата пред гласањето Ципрас ги заштитил своите отстапки кон меѓународните кредитори. „Реформите се потребни за Грција, за да остане земјата финансиски жива, откако дискусиите со кредиторите беа речиси прекинати“, изјавил 40-годишниот шеф на владата пред пратениците во Атина.
„Нема сомневање дека процесот кој ние го следиме денес не е нормален процес“, изјавил Ципрас. „Главната работа е дека стигнавме до тежок компромис, врз основа на кој сме се собрале денес да ги прифатиме законите во време на вонредна состојба“.
Самиот Ципрас беше категоричен од парламентарната трибина дека не планира да поднесе оставка доброволно и „да ја напушти тврдината“.
Со вториот дел од сега одобрениот пакет со реформи - новиот закон за банкарството, депозитите до 100 000 евра ќе бидат гарантирани. За повисоки депозити стартерите на сметките, слично и на акционерите, ќе преземе дел од товарот при реорганизацијата на банките во тешка положба.
Пред почетокот на дебатата за пакетот реформи во средата околу 10 000 луѓе демонстрираа пред парламентот против мерките кои се предвидуваат во банкарските и судски реформи. Неколку млади лица фрлале молотови „коктели“ врз полицајците. Сепак нема информации за повредени или апсења.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




