Подготовките течат, под кејот на Вардар ќе се копа подземната сообраќајница
Објавено во: Македонија 20 Септември, 2013 18:59
Почна постапката за изградба на подземната сообраќајница под кејот на реката Вардар, а сите подготовките се пред крај, тврди градоначалникотот на Град Скопје, Коце Трајановски, во интервју за МИА. Според него, Градот планира да изгради подземна сообраќајница од булеварот „Илинден“, под кејот на Вардар, до крстосницата кај Комплекс банки, со придружната инфраструктура. Подземната сообраќајница треба да биде долга 1.300 метри, од коишто 900 метри под земја
Град Скопје склучил договор со компанијата „Лимак“ од Република Турција со којшто се уредуваат односите за изградба на овој подземен булевар, во согласност со Деталниот урбанистички план за овој дел од градот, вели Трајановски.
„Компанијата „Лимак“, според договорот, откако ќе ја изгради подземната сообраќајница има обврска да ја предаде во владение на Град Скопје. Чекаме од компанијата „Лимак“ која го откупи земјиштето од Министерството за транспорт и врски да го подготви проектот за изведба на овој сложен зафат“, вели Трајановски.
Од покрупните инфраструктурни проекти, вели Траjaновски, се работиме на документација за проширување на улицата „Трета македонска бригада“, за проширување на булеварот „Партизански одреди“ до Ѓорче Петров, за улиците „Босна и Херцеговина“, „Павел Шатев“, „Христијан Тодоровски-Карпош“, „Даме Груев“ и многу други проекти.
Некои планирани зафати се во фаза пред реализација, за некои се распишани јавни повици за избор на изведувачи, а за трети се подготвуваат проектите, појаснува скопскиот градоначалник.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





