Подготвен план за напад на Северна Кореја
Објавено во: Свет 21 Декември, 2017
САД прави планови за воен напад на Северна Кореја, тврдејќи дека тоа е со цел сопирање на нејзината програма за вооружување.
Белата куќа ја зголемила подготовката за воено решение, изјавил за британски „Telegraph" добро информиран извор.
Складиштата за муниција би можеле да бидат мета.
Една од опциите е уништување на местата од кои се лансираат ракети, а пред севернокорејскиот режим да ги искористи за нова ракетна проба.
„Пентагон се обидува да најде опција која би му овозможила да удри во носот на Северна Кореја"- пренесува британскиот весник.Воените сили ќе треба да му покажат на севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун дека Америка е сериозна во напорите да го сопре понатамошен нуклеарен развој и да започне преговори, пишува Telegraph.