29 Септември, 2024
0.0279

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ТЕМПЕРАТУРИ ОД 25 ДО ПОД 0: Доаѓа невреме во Белград, во Хрватска падна снег

Објавено во: Македонија 27 Март, 2023

Добивај вести на Viber

РХМЗ на Србија денеска предупреди на големо невреме со дожд, но и снег и силен ветер. На некои места ќе „удри“ град.

Ќе дува умерен и засилен северозападен ветер кој на северот и на истокот од земјава, додека наа планините ударите ќе достигнат олујна сила. Во вториот дел од денот со пад на температурата врнежите од дожд ќе преминат во снег во ридско-планинските предели на југозападна, јужна и источна Србија. Во вечерните часови и во текот на ноќта врнежите ќе престануваат и времето од северозапад постепено ќе се разведрува. Ладниот бран ќе потрае до четврток.

Во Хрватска веќе падна снег. Неколку сантиметри има на скијалиштето Платак, но се очекуваат ниски температури и во другите делови на Хрватска. И таму ќе дува многу силен олуен ветер.

За утре во Македонија, според прогнозата на Славчо Попоски не очекува температурен шок. Од 25 степени колку што беа измерени викендов, температурите ќе се спуштат и под нулата.

Поповски прогнозира дека утринската температура на некои места ќе биде -8 степени. Во текот на денот ќе има извесно затоплување но не повеќе од 10 степени. Од четврток повторно ќе има затоплување.

-Под влијание на ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНА воздушна маса која ќе се спушти од север, вечерва и во текот на ноќва кон утрешниот ден врнежите од дожд на местата со надморска височина од 1000 метри па нагоре ќе преминат во врнежи од снег, каде се очекува формирање на не многу голема снежна покривка. Утре провејување на снег е можно понекаде и на местата со надморска височина од под 1000 метри.

Ќе започне да дува СИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец и истиот локално ќе достигнува брзина дури и над 80 км/час. Токму поради ова препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ.

Во Скопје и околината брзината на северниот ветер ќе достигнува до околу 70 км/час.

Утре максималната температура ќе биде ЗНАЧИТЕЛНО ПОНИСКА за разлика од денешната и ќе се искачува во интервалот само од 2 до 11 степени.

МНОГУ СТУДЕНО утро ќе имаме во среда (невообичаено студено за крајот на месец март) кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 0 степени, а на високите планински северозападни предели дури и до околу -10 степени. Се очекува појава на умерен до ЗАСИЛЕН мраз – Сето ова МНОГУ ЛОШО ќе се одрази врз овошките.

Минусни температури и мраз ќе ни донесе утрото и во четврток, додека во текот на денот следува ново ЗАТОПЛУВАЊЕ на времето и ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ на температурите, што значи дека ни следува МНОГУ ПОТОПЛО време од четврток па натаму, а ќе биде и претежно стабилно со МНОГУ ПОВЕЌЕ сонце.



Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“