ПОДМЕТНАЛ ЧЕТИРИ ОПАСНИ ПОЖАРИ: Грчката полиција уапси универзитетски професор
Објавено во: Балкан 08 Август, 2024 19:40
Универзитетски професор се сомничи дека ги подметнал пожарите во Атина, поради што му се заканува затвор од 20 години.
Грчките власти денеска одведоа во истражен затвор универзитетски професор осомничен дека предизвикал серија шумски пожари во близина на главниот град.
Министерот за цивилна заштита Василис Кикилијас неделава изјави дека 66-годишниот осомничен подметнал „четири опасни пожари“ на 8 и 9 јуни во реонот на селото Вари, јужно од Атина.
Грчката новинска агенција АНА објави дека тој е професор по социологија на голем универзитет во Атина и дека претходно предавал на полициската академија. Тој негира каква било вмешаност во пожарите.
Тој, наводно, е фатен на безбедносните камери како подметнува пожар, според АНА.
Оваа година Грција ги заостри казните за подметнување пожар. Пироманите сега се соочуваат со затворска казна до 20 години и парична казна до 200.000 евра.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




